Невидливите лузни болат повеќе и од највидливата рана

„Сврти на лево, држи рамнотежа, браво така, ајде можеш самиот, па ти лизгаш, кој рече дека не можеш“. Последното нешто кое го слушнав пред лицето да ми се најде на мразот во обид да бидам несудената ѕвезда на лизгалиштето. 

nevidlivite-luzni-bolat-poveke-i-od-najvidlivata-isekotina-01.jpg

Тренерот со кој правевме кардио тренинг и сакаше да се забавуваме на лизгалиштето сега беше одговорен за тоа што ми се тресеа рацете и што имав огромна гребаница, исекотина преку целото лице.

„Ти реков дека не ме бива, види на што личам, погледни ја ова лузна, ќе ја носам со недели. Како да сум излегол од пеколот“ - реков јас загрижен за моето лице кое ќе поминеше неславно наредниот ден на училиште.

„Те боли ли?“ - праша тој со вина во својот глас.

„Не, ама погледни, огромна е, сите ќе ја видат и ќе ме задеваат“.

Тој ја соблече јакната, ја тргна облеката од горниот дел, помислив дека сака да ја смени испотената маица, се сврти со грбот кон мене и ми рече „Погледни овде“. Јас гледав но, не можев да видам нешто невообичаено, беше нормално машко торзо, неизгребано, здраво машко месо.

„Немаш никаква лузна, ти се причинува“ - реков јас со потсмевање.

„Има но не ги гледаш, а тие болат повеќе од твојата. Тоа се од оние лузни за кои светот не знае, кои не печат еднократно, кои не болат кратко, туку континуирано, за навек. Тоа се лузните кои ти ги даваат твоите најблиски, личностите кои ги сакаш, семејството, најдобриот другар, вистинската љубов. Тоа се лузните предизвикани од познатиот нож во грб.

Ете ти не успеа да ги видиш. Несвесен мислеше дека твојата лузна е најголемиот проблем во животот, таа ќе помине. Ќе ти се смеат и дај Боже само за такви лузни да ти се смеат, но ќе помине.

Мене ми се смееле за сопруга која изневерува, за ортак кој ме поткраднува, за семејството кое од мене гледа само корист, за брат кој ме бара само кога му требаат пари, а јас не ги гледав тие лузни, тие играња со ножот по мојот грб, кои постоеја и секојдневно малку по малку со врвот на остриот нож одеа по мојот грб креирајќи невидливи патеки.

На крај таа траекторија завршуваше со бесчувствителен удар од кој трепереше телото и душата запаѓаше во безизлез. Тие си одеа оставајќи трага која ја гледа секој, а сепак никој, која ја нема, а сепак е присутна.“

Јас не реков ниту збор, моето бебешко лигавење за гребнатинката беше ништо споредено со она што му лежеше на душата. Ја наведнав главата и ја облеков опремата. Бев подготвен да се вратам на мразот и да се соочам со паѓањето.

Ништо не е онолку страшно колку што изгледа, нeмаме право да се жалиме за ситниците, несвесни колку можат да бидат пострашни вистинските проблеми.

Кога ти е забиен нож во грбот и лицето се лизга по земјата, мора да научиш да станеш и таа лузна да ја претвориш во нешто големо.

За оној кој го зарил тој нож, да зажали за полетот кој ти го дал во твојот грб, додека ти си чекорел кон успехот.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg