Нема да ја пополниш емотивната дупка ако најдеш дечко или сопруг по секоја цена

Незнам што е, но постои нешто во нашево општество што ги тера жените да се сомневаат во самите себе и за тоа колку се способни самите да се грижат за себе. Не зборувам за грижење само во финанска смисла туку и во смисла на емотивна исполнетост.

ne-dozvoluvajte-toa-dali-imate-partner-ili-ne-da-pretstavuva-pogolem-problem-otkolku-sto-navistina-e-1

Ми се чини дека мажите многу полесно ја исполнуваат таа емотивна дупка и дека не се толку преоптеретени со потребата да пронајдат некој кој што ќе ги надополни. Како да си се многу доволни самите на себе и кога гледаат на врска или брак многу почесто ги гледаат работите реално и се водени од нивните цели во животот и колку таа жена ќе се влкопи во нивните амбиции, а не од фантазиите за вистинска љубов.

Сите сме учени уште од мали, дека треба да го најдеме совршениот партнер, да стапиме во брак кога ќе „дојде време“ и дека ако не излезе нешто по тој план, тоа значи дека има некој проблем со нас.

Таквиот притисок најчесто прави да заглавиме во погрешни врски и да губиме време од животот на погрешни луѓе. Време кое инаку би го потрошиле за личен напредок, само ако не постои тој социјален притисок.

Како мала имав сосетка која сега веќе е на прагот на 50 години. Никогаш не се омажила. Знам дека би била предобра мајка и сопруга. Многу е интелигентна, доволно убава, грижлива и екстра разбирлива. Ги слушав мајка ми и сестра ми како разговораат за неа: Што е проблемот? Каде згрешила? Што се случило? Зошто сè уште не може да најде некој?

Ваквите прашања уште од детство ми одѕвонуваат во глава. Автоматски цел живот и е наречен голема грешка. Но, дали таа всушност згрешила? Дали немаме избор и ако не најдеме некој кој реално ни одговара, ќе мора да се приспособиме на нешто што барем ќе може да го толерираме за да не станаме „таа жена“? Дали мажите исто така се мачат со ова прашање или нив се им доаѓа полесно во животот?

Во секое друштво на девојчиња цело време се вртат истите муабети. И сите тие цело време го бараат проблемот во нив. Сите несвесно поминуваме низ таков период. После речиси секоја врска или потенцијална врска, секогаш после прекинувањето следува еден измачувачки процес на самоанализирање. Како прекинот на врската да има некое важно значење врз тоа каква личност сме. А, сите врски не се вредни за анализирање.

Некогаш едноставно не сте компатибилни со другата личност и тоа е тоа. Тоа не значи дека има некоја скриена темна причина и дека треба да си пронајдете сто растројства на личноста само за да го оправдате раскинувањето.

Ако на некого не му давате шанса, тоа не значи дека имате нереални очекувања или дека тоа всушност е поврзано со некој ваш длабок страв од обврска. Тоа само значи дека имате реално поставени услови кои вас ви одговараат и дека не секој може да влезе во вашиот круг и да му посветите дел од вашето време.

Кога некој сака да замине од врската и не ве почитува или кога некој не ве гледа на начин како што вие сакате, оставете ги и запомнете: Вие не ги правите луѓето такви какви што се. Тоа е нивен проблем.

Вие сте заслужни да имате некој за кој нема да треба да направите толку промени само за да го задржите за себе. Некој пред кој можете да бидете комплетно такви какви што сте и ќе ве сака преку сите ваши измислени „растројства на личноста“. Некој за кој вашето минато не е тежок багаж, туку е причина уште повеќе да ве сака. Некој со кој може без тоа да ви претставува голем проблем, да ги преминете сите стрес тестови на „модернава денешница“.

Некој ќе го пронајде тој некој на 20 години, некој на 30, некој на 40, меѓутоа поради никој не треба да заборавате кои сте вие и колку сте вредни. Затоа што кога ќе го најдете тој што ве сака такви како што сте, тогаш ќе сфатите дека проблемот никогаш не бил во вас и дека најчесто другите не успевале да видат што е тоа што ве прави вредни. Не чекајте цел живот. Запознајте се самите себе и не дозволувајте тоа дали имате партнер или не, да преставува поголем проблем отколку што навистина е.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg