Приказни од секојдневието - доказ дека добрите дела не ве чинат ништо

Правењето добри дела не чини ништо и не бара многу напор. Добротворноста е многу полесна отколку што мислите.

topli-prikazni-dokaz-deka-dobrotvornite-dela-ne-cinat-nishto-01.jpg

А, најдобар доказ за тоа се овие приказни...

„Ве предупредуваме“, убедени сме после овие приказни дека ќе посакате да направите нешто добро:

Не се согласувам многу со колегите. Но, се случи целата плата на мојот сопруг да биде украдена. Се пожалив на една од колешките за тоа. После неколку часа добив писмо со пари внатре. Сите донирале по малку за да имаме доволно пари да преживееме до следниот месец. Плачев.

Мојата пријателка излегла да оди во кино со нејзиниот мал син. По пат, детето ги собирало сите флаери кои една девојка ги доставувала. Ги собирало како да е од витална важност за него. Тогаш мајка му го прашала: „Мило зошто ќе ти се флаерите? Што ќе правиш со нив?“. Детето одговорило: „Не ми требаат мамо, ништо нема да правам со нив. Само девојката која ги доставува изгледа тажно затоа што никој не ги зима нејзините флаери, па сакам да ја направам посреќна.

Имам 18 години. Зима е. Доцна навечер. Надвор е темно.  Брзав накај дома и се качив во паркирано такси. Јас седнав напред, а двајца момци седнаа позади. Ми рекоа дека треба да одат на исто место каде одам и јас. Ми се чинеше како добра идеја, бидејќи немав доволно пари. Кога пристигнавме, двајцата се симнаа, а таксистот ме зграби за рака за да не излезам и продолжи да вози. Сврте еден круг и ме врати назад. Ми кажа дека не му се допаѓал изгледот на момците, мислел дека се опасни, па се погрижил ништо да не ми се случи.

topli-prikazni-dokaz-deka-dobrotvornite-dela-ne-cinat-nishto-1.jpg

Секое утро пред работа одев до едно кафуле каде си купував кафе и. Неодамна решив да ја сменам патеката на движење и така случајно запознав постар ветеран кој постојано пее воени песни и носи воена облека. Сега не пијам кафе, туку парите за кафе му ги давам на него. Обично ми дава лижавче за нив. Неодамна ми даде чоколадна бонбона. Ми кажа дека е магична и дека треба да си замислам желба. Сигурен сум дека ќе ми се исполни.

Неодамна доцна во ноќта се возев со такси. Таксистот ненадејно запре и излезе надвор. За миг се преплашив, ама видов дека излезе надвор само за да тргне две ежиња настрана од патот за никој да не ги прегази. Ми го стопи срцето.

Обожавам кога луѓето си ја вршат својата работа со задоволство, без разлика на тоа што е задачата. Понекогаш, надвор е премногу ладно и непријатно, а вие застанувате до трафика со кафе. Типот од другата страна ви се насмевнува и решава да ве почести и со малку чоколадо во кафето, велејќи ви: „Внимателно, жешко е. Имајте убав ден“. Или застанувате на бензинска станица и касиерот довикува уште еден човек да ви помогне со тешките кеси. Токму тие работи го полнат срцето со топлина.

topli-prikazni-dokaz-deka-dobrotvornite-dela-ne-cinat-nishto-2.jpg

Отидов до продавница за да купам леб. Додека чекав во ред, момче со скршен нос дотрча и побара помош. Неколку луѓе го нападнале, го земале неговиот мобилен и го претепале. Продавницата била најблиско место за криење. Бев пријатно изненаден од реакцијата на работниците: сите веднаш се собраа околу влезот, една жена се јави во полиција, му дадоа мобилен да се јави на своите родители, а неколку потрошувачи добротворно се пријавија да бидат сведоци.

Пред неколку дена се качив во автобус. Младо момче на возраст од околу 20 до 25 години се качи. Седна и почна да се обидува да ги расплете слушалките со скршена рака. 2 минути пред да запре автобусот на мојата станица, кога застана на црвено, му помогнав. Додека ги отплеткував слушалките, младото момче се смееше. Кога излегов надвор нозете ми се тресеа. Тоа беше првпат како се осмелив да помогнам на некој непознат.

Еднаш се качив во автобус и забележав стара дама, едвај жива, која за малку не се излизга од седиштето. Патниците почнаа да се прашуваат што се случува, ама таа не можеше да каже ниту една реченица. Сите патници излегоа од автобусот, а јас и возачот веднаш ја однесовме жената во болница. Пробав да ги барам нејзините роднини, ама таа кажа дека имала само сопруг кој неодамна доживеал срцев удар. Кога пристигнавме во болницата кажаа дека доживеала мозочен удар. Јас и возачот ѝ го спасивме животот.

topli-prikazni-dokaz-deka-dobrotvornite-dela-ne-cinat-nishto-3.jpg

Еден ден спасив два животи. Одев на училиште. Дента беше +1, а претходниот ден -9. На сред замрзнато езеро забележав двајца рибари кои се подготвуваа да ловат. Претпоставив дека постои можност мразот да се растопи, па се јавив во спасителна станица и ги испратив на локацијата каде се наоѓаа двајцата рибари. Следниот ден на врата тропнаа мајка и нејзината 14-годишна ќерка за да ми се заблагодарат што сум го спасил животот на нивниот сопруг и татко. Откако сум ја повикал брзата служба, мразот под рибарите се искршил, а тие само што почнале да се дават во студената вода.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg