6 вистински приказни - доказ дека оценките не значат ништо во животот

Колку пати во животот сте ги слушнале родителите да ве караат за оценки? Веројатно не се бројат на прсти.

preview-14090160-650x341-98-1493019342.jpg

И додека како мали знаевте да им вратите дека оценките ништо не ви значат, па добивавте воспитни лекции и предавања, очигледно сте имале право.

Овие 6 вистински приказни ќе ве убедат дека петките навистина не значат многу во животот:

1. Никогаш не бев одличен на училиште. Односно, бев далеку од одличен. Но, сега работам во Google и никој не го интересира какви оценки сум имал. Мислам дека бев едно од трите најпроблематични деца во цело училиште и на крајот морав да го променам училиштето. Другите две „лоши“ деца исто така добро се снајдоа. Едното од нив, со кое останав во контакт долго време по завршувањето на основно, со кое воедно честопати бев бркан од часови, сега е светски познат фудбалер и заработува милиони.

2. Најголемата „пропалица“ во мојот клас стана морепловец. Минатата година беше во Латинска Америка двапати, го има прошетано половина свет во најмала рака, и неодамна му се роди првото детенце. Секогаш запаметете – оценките не ви значат ништо.

3. Најслабиот ученик во мојот клас денес е неврохирург. На училиште правеше доста неучтиви работи и имаше ниски оценки. Беше голем фан на хеви метал музиката. Но, кога беше 8-мо одделение, и помагаше на неговата мајка која работеше како уредник во едно списание. Откако заврши основно, се запиша на медицина, а потоа заврши и специјализирана академија. Магистрираше и сега е почитуван доктор. Сè уште слуша хеви метал и ја негува својата пасија – свири во бенд.

4. Основав сопствена фирма сега откако сум возрасен. Но, како дете менував училишта бидејќи бев проблематичен. Постојано имав ниски двојки и единици. Кон крајот на школувањето, дури престанав да се појавувам на одредени часови. Денес, сите соученици имаат просечни работни места – менаџери, возачи, продавачи. Никој не се издвои од нив. Чудно, бидејќи сите имаа 5-ки, нели?

5. Мојот вујко бил пропалица на училиште, посебно по хемија. Неговиот учител не можел да го поднесе и секогаш му велел дека ќе мора да риба подови за да преживее. Неколку години подоцна, вујко ми откри дека хемијата е фасцинантна наука. Тогаш почна да си го менува животот. Реши да оди и да одржи предавање на универзитетот на кој заврши. Кога зборуваше, забележа човек кој постојано негодувал и мавтал со главата додека тој зборувал. Набрзо сфатил за кого се работи – неговиот професор кој на времето му велеше дека ќе работи како чистач за да преживее.

6. Додека не завршив средно, постојано се борев со единици и двојки. Понекогаш одев и на полагање. Поминаа 7 години. Вчера, вработив неколку соученици кои беа со мене во клас. Тие секогаш имаат 5-ки и пофалби на тестовите.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg