Океј е да не бидеш океј...

Понекогаш знаеше да ме фати страв дека ќе отидат во некоја крајност. Тоа посебно се случуваше за време на паничните напади кои ги преживував и не сум знаела на кого е најдобро да се обратам - на мама, тато, цимерката, баба ми, дечкото, психотерапевтот или да почнам да се клукам со апчиња за смирување, да спијам по цел ден или да пијам неограничени количини на алкохол.

okej-e-da-ne-bidesh-okej-01.jpg

Во тоа време, но и ден денес, кога зацврстев 550 проценти, опкружена сум со секојдневни приказни и објави на социјалните мрежи за позитивниот дух. Тоа ви е оние приказни од типот:

Само треба да бидеш позитивен и тоа е тоа. Само релаксирај се и сè ќе биде добро. Што си депресивна кога сè ти е супер во животот? Посвети се само на спиритуалното и спасена си. Оди во природа, таму ќе го најдеш мирот. Мирот е во тебе самата, како уште не си го нашла?

Набројав само неколку, но мислам дека се доволно за да сфатите што сакам да кажам. Секојдневно сме опкружени со луѓе кои објавуваат по 48.333.137 слики, илустрации и фотки само за позитивните работи во животот.

Се согласувам дека природата може да ни помогне. Се согласувам дека на сите верата може да им помогне. Се согласувам дека е супер од време навреме да се напиеш алкохол и наредниот ден да опцуеш сè живо и диво, бидејќи си мамурен како никогаш другпат во животот. Се согласувам дека понекогаш се случува да ти се случат така тешки работи од кои срцето ти пука, па мораш да се напиеш некоја таблетка за смирување.

Но, тоа понекогаш, не значи секој ден. Тоа значи дека е сосема во ред да имаме лош ден, иако тоа многу често го забораваме. Го кажувам ова затоа што се сретнувам со многу луѓе кои на социјалните мрежи „напнуваат“ за позитива, а во реалноста се толку депресивни, што не можат да бидат подепресивни.

Сè им пречи, сите им се глупави и ништо не им оди од рака. Заради тоа не разбирам, зошто тие силни маски? Зошто луѓето глумат дека сè им е супер, а однатре умираат? Зошто едноставно да не сакаш да признаеш дека нешто не е во ред? Не ми е јасно... Како може некој да стане половина час порано и да „навежба“ лажна насмевка на лицето, наместо едноставно да си каже не ми е денот...

Луѓе, кога нешто ве мачи, тоа е ОКЕЈ. Кога ќе ви дојде ден кога повеќе би сакале да бидете сами да си ја потскубете косата... тоа е ОКЕЈ. Дечко ми еднаш ми ја купи книгата на Томас Харис, „Јас сум Океј, ти си океј“ и во посветата напишал, „океј е понекогаш да не бидеш океј.“. И навистина е така, но жално е што луѓето, првенствено сами на себе, не си признаваат.

И тогаш стануваат наркомани, почнуваат да се коцкаат, да пијат, фанатици и ги окупираат социјалните мрежи со своите „позитивни мисли“, а јас и понатаму не ги разбирам. Не разбирам како можеш да зборуваш дека сè во животот е добро, дека си задоволен, а секоја вечер одиш и пиеш додека не знаеш како се викаш.

Не морате да го изберете потешкиот начин, но немојте да зборувате како ви е супер, како ништо во животот не ве нервира, како не страдате, а потоа навечер одите по некој порок кој само ве води кон бегство од реалноста.

Немојте да глумите.

Немојте, бидејќи навистина... кога нешто не е океј, не може да биде океј.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg