Зошто не би сакале да се вратите во тинејџерските години?

Тинејџерските години имаат свои добри и лоши страни. Но, во тој хаосен период на големи промени во вашиот живот обично лошите преовладуваат над добрите. Сепак, секое искуство во животот нè прави она што сме денес, па така и тинејџерските денови кои денес ви изгледаат смешно придонеле кон вашиот денешен карактер.

10-pricini-zosto-nesakate-da-se-vratite-vo-tinejdzerskite-godini-1

Но, најверојатно не би сакале да ги преживеете тие години повторно, а еве и зошто:

1. Го мразевте средното училиште и целата драма во него. Тоа е место кое дефинитивно го стагнира вашиот развој кон личноста што навистина сакате да бидете еден ден, затоа што сите се презафатени да бидат исти како другите и да бидат сакани. Плус средното дефинитвно го оправдува стереотипот на тинејџер со променливо расположение.

2. Вашата репутација беше најважното нешто. Мислењето на другите луѓе за вас ви беше главна преокупација. Многу лошо потрошена енергија.

3. Вашиот вкус за љубовни партнери. Кога ќе се сетите за кој сте се труделе и сте плачеле ве лазат морници.

4. Немавте никаков вкус за шминкање ни за облека. Кога гледате стари слики не можете да се препознаете и се мислите каде ви била главата да излезете изгледајќи така.

5. Матурската вечер ви беше “highlight” на годината. Толку пари потрошени на облека, фризура, шминка непотребно. Посебно ако немавте партнер ви било ненормално трауматично искуство.

6. Не знаевте за доста кога стануваше збор за алкохол. Пиевте сè што имаше на маса и немавте буквално никаков вкус за тоа што е добро, а што не за вас.

7. Мислевте дека светот се врти околу вас. Сè беше поврзано со вашите претерано нагласени емоции и чувства и работите ви изгледаа многу подраматично отколку што навистина биле.

8. Бевте комплетно игнорантни и незаинтересирани за случувањата во светот. Не ве интересираше ништо подалеку од вашето училиште и излегувањето со вашите пријатели.

9. Се дружевте со погрешни луѓе. Вашите пријатели најверојатно беа луѓе со кои сега не би можеле да поминете ни 5 минути.

10. Не знаевте што сакате од врската. Затоа често кршевте срца или вашето било скршено непотребно.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Каде се денес ѕвездите на М2 продукција: Што прават сега Сакине, Џеват, Александра Пилева, Игор и Са... Џеват, Александра Пилева, Сакине, Игор Узунов и Сања Лефкова се само дел од пеја...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg