Сине, биди човек. Сè друго е неважно

Велат дека со раѓањето на детето животот на мајката целосно се менува и таа пронаоѓа нова смисла и цел, дотогаш непозната и непочувствувана.

Sine-ne-bidi-shupak-nikoj-ne-saka-da-se-druzi-so-takvite-01.jpg

Но, истото се случува и кај татковците. Веројатно не знаеме толку добро да го (по)кажеме тоа, но го чувствуваме. Првиот допир со малите прстиња на бебето. Илјада емоции кои ви поминуваат низ телото како струја.

Првото држење во прегратка. Се плашев да не ми паднеш или да не те згмечам. Немав идеја како да те чувам или како да се грижам за тебе. Знаев само дека ќе дадам сè од себе да те заштитам и дека силно те сакам.

Постојат работи кои само мајката може да ги направи за своето дете. Но, има и неколку за кои можеш да сметаш на мене сине.

Јас како татко би сакал да те научам како да победуваш, а како да губиш. Кога ќе бидеш победник, да не ја триеш победата и гордоста во носот на противникот. Кога ќе изгубиш, достоинствено да прифатиш пораз. Пружи ја раката и честитај му на подобриот од тебе. Бидејќи тоа е чесно и правилно.

Не влегувај непотребно во тепачки и кавги, но бори се за себе кога сметаш дека тоа е потребно.

И не само за себе, бори се и за сите драги лица и за оние послабите кои немаат доволно сила да се одбранат. Секогаш биди на страната на правдата и доброто.

Сакам да знаеш дека љубезноста и добрината не се слабости, напротив. Сакам тоа да бидат твоите најдобри, најсилни особини.

Никогаш не се срами од работа. Еден ден ќе ти послужат сите твои насобрани искуства и ќе бидеш благодарен поради тоа. Само така ќе научиш да ги цениш парите, само така ќе знаеш колку многу значи да се наспиеш навечер и дека ништо не може да го замени мирниот сон прекуноќ. Бидејќи денското спиење после трета смена е казна, а кога ќе го дознаеш тоа ќе сфатиш многу работи.

Никој родител не сака да гледа како неговото дете се мачи, но за мене е важно да научиш, бидејќи само така ќе станеш човек.

Немој никогаш да пиеш повеќе отколку што „ти држи“ стомакот. Не прави мајмун и будала од себе. Ако веќе решиш да пропушиш не „греби“ се за цигари. Нема нешто полошо од тоа. Да бидеш „гребатор“. Дојди и кажи ми.

Сакам да знаеш колку се важни другарите, но и дека никој нема да ти мисли подобро од твоите родители. Никој нема да те сака повеќе, да те заштити подобро или да ти излезе во пресрет кога си во неволја.

Секако, доброто друштво е особено важно. Одбери добри другари, оние на кои можеш да им веруваш и можеш да се потпреш на нив во секое време. Одбери другари пред кои можеш да бидеш ти, без лаги, фасади и преправање.

Не биди „шупак“ сине. Никој не ги сака таквите. Не биди зајадлив, циничен, скржло. Но, не дозволувај ниту да те искористуваат. Затоа што таквите кои се дружат со тебе само од корист не ти се другари.

Конечно, почитувај ги и сакај ги жените. Всушност, почитувај ги сите, без оглед на бојата на кожата, верата, националноста. Не ги проценувај луѓето според облеката или образованието. Ќе се изненадиш колку надворешниот изглед може да те прелаже. Никогаш не води се според него.

Што остана да се докаже за жените? Сè. Тие се убави, прекрасни и нежни и заслужуваат љубов и внимание.

Не заборавај дека си излегол од утробата на жена. Никогаш не употребувај погрдни зборови за ниту една од нив. Замисли тој погрден збор да го употреби некој за твојата мајка или сестричка.

Жените не се подобри, ниту полоши од нас, тие се еднакви. Им следува сè што ни следува и нам. Дозволено им е да прават сè што правиме и ние.

Би сакал да ти кажам и да те научам на толку многу работи, но просто е невозможно.

За некои ќе ме послушаш, за други ќе се насмееш или ќе ме игнорираш. Но, на крајот на денот не заборавај кој те сака најмногу.

Сине, биди човек. Сè друго е неважно.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Ах, во мое време се собираше детска пошта, се играше ‘сакате ли војна’ и мангуп беше тој со велосипе... И јас на мои 35 години дочекав да ги повторувам моите сакани, да кажам „Во мое в...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg