3 вистински приказни за тоа како несреќата го менува животот

Песимистите ќе кажат дека несреќата може само негативно да го промени животот, додека оптимистите ќе кажат дека несреќата е најдобрата инспирација за промена.

89214d37ddd59fbed37fbcdf81e9b732.jpg

И вторите дефинитивно се во право.

3 вистински приказни кои ќе ве натераат да верувате дека несреќите ни се случуваат за да се случи некаква позитивна промена:

Кога бев 4-то одделение, на доделувањето на оценките, моите ми дадоа огромен, скап букет за учителката. Требаше да ѝ го дадам кога ќе ми ги додели петките.

Но, ми текна колку пати во текот на годината се вратив со плачење дома, токму заради неа. Колку пати ми викаше и ме навредуваше.

Тогаш решив да не ѝ го подарам букетот. Наместо на неа, ѝ го дадов на хигиеничарката која ја гледав често.

Следната година повеќе не ја видов во училиштето.

Денес, по 9 години еден пријател ми кажа дека хигиеничарката му била сосетка и била пресреќна кога го напуштила училиштето откако еден ученик ѝ подарил скап букет цвеќе. Тоа ѝ дало надеж за нешто повеќе, нешто подобро. Денес има сопствен бизнис.

„Никогаш нема да ја запознаам мојата сродна душа ако не сум нашминкана“ си велев со години. Сè додека не паднав во бањата, кршејќи ја ногата на две места.

Отидов во амбуланта со половично избричена нога, половично исчистен лак за нокти, во џемперот на мојата баба и без грам шминка.

Тогаш ја запознав сродната душа – дечко со скршена рака и половично избричена брада. Веќе 5 години сме заедно.

Пред 5 години фрлив балон со вода од балконот врз една непозната девојка. Вчера открив дека мојата сопруга, пред 5 години одела на љубовен состанок со дечкото кој ќе ја побарал за сопруга, но некој идиот од прозор фрлил балон со вода врз неа.

Не можела да се појави во мокра облека. Нејзиниот дечко сметал дека го „откачила“, па ѝ раскинал во истата минута.

Пред 5 години ја уништив свадбата на мојата сегашна сопруга! Горд сум на себе!

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg