Апел до сељаци кои се маваат во гради: Не сте вие кралеви, туку дворски шут!

Го гледам вреска на сиот глас раскажува за некоја случка каде самиот тој е виновен, па уште ја има изјавата на векот: „Па што ако е женско? Уште поубаво, уште полесно ќе ја истепав!“

apel-do-seljaci-shto-se-mavaat-vo-gradi-ne-ste-vie-kralevi-tuku-dvorski-shut-01

Дури пени од устата и врие од животински нагон да удри по нешто.

Се кара без факти, вреска од петни жили и плука наоколу. Ќе кажев дека ме потсетува на животно, но нема да си дозволам така да ги навредам животните. Нема домашна култура, воспитување, ниту манири, а веќе е татко кој треба да воспитува деца... Па сė уште се чудите зошто младите генерации се толку невоспитани и со искривени вредности?

Овие луѓе живеат со мислата дека се кралеви во сопствениот свет, а во очите на другите не се ништо повеќе од дворски шут. Луѓе на чие ниво не вреди да се спуштите. Зборовите ќе ги трошите залудно затоа што тие се глуви за сė останато освен за тоа што сакаат да го чујат.

Полни со фрустрации и незадоволство од својот патетичен и неисполнет живот бараат начин да се докажат расипувајќи го денот на сите околу себе. Полни со  негативни емоции, а празни за мудрост, тие сметаат дека децибелите на нивниот глас ќе ги убедат другите дека тие се во право.

А во криво се, толку се во криво што треба да се скријат со глувчешка дупка и да излезат оттаму дури тогаш кога ќе научат да молчат и да учат од помудрите од себе, да читаат кога не се информирани и да се извинат кога не се во право.

Мислат дека заслужуваат некаква си круна, а животот бил суров кон нив и не им ја дал поради игра на случајности и константна неправда, а всушност не ја добиле од едноставна причина – само затоа што не ја заслужиле апсолутно со ништо.

Ако земале мирна женичка дома која само им клима со главата и имале мама која ги лажела дека се најдобри на свет, а всушност биле само најдобри од сите нејзини деца – едно, време е да се соочат со светот кој и тоа како јасно го гледа нивниот неквалитет, празнотија и СЕЉАЧИЗАМ... Токму така со големи букви.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg