Родители, каде со муабетот дека за „глупави 200 евра“ не дозволувате да ви се мачи детето?

Најинтересните муабети ќе ги слушнеш во автобус. Автобусот е како огледало на една нација, вистински одраз на луѓето кои живеат и го градат општеството.

Kade-roditeli-so-poukata-deka-smrdeni-200-evra-ne-se-dovolni-deteto-da-stane-od-krevet-01.jpg

И тоа утро две тетки беа доволни гласни за да се слушне разговорот од Карпош до Рекорд.

„И ти велам, ене ја, спие до 2 попладне и не сака ни муабет да ни прави. Ако не сме ѝ нашле пари за одмор, за што сме биле ние родителите? И каде да ѝ најдам сега толку пари за одмор?“

„Па зошто не земе да поработи нешто, лето е, слободни се, нема полагања, нема испити“, прашува другата. „Син ми летно време е на шанк, не вади лоша дневница“.

„Како да не, за смрдени 200 евра ќе ми се мачи детето. Ма нема шанси!“

И ете го тој момент драги луѓе кога не знаете дали да се смеете или да заплачете. Смрдени 200 евра. Прво, нема пари кои се смрдени, освен можеби оние кои се украдени или добиени на сомнителен или илегален начин.

Сé што е чесно заработено, секое едно денарче е повод за пофалба и гордост. Никогаш не е за потценување, напротив, за аплауз е. Секаде во светот младите се обидуваат да работат и да заработат нешто свое уште од млади години, само кај нас ги мазиме и пазиме до моментот додека не тропне свадбениот тапан во двор. Па после се чудиме како невестата не знаела да намести кревет, да спржи јајца, а момчево не било научено редовно да фрла ѓубре.

А тоа започнува од дома, и од многу мали нозе. Ги лишиме од секакви задолженија со цел да им го олесниме животот и да им угодиме што е можно повеќе.

„Немој ти злато, мама ќе го направи тоа, не се мачи пиленце, тато ќе го среди тоа“. Зошто?

Зошто да не си го мести сам креветот, да си ја чисти собата, зошто да не фрла ѓубре, зошто да нема барем една редовна домашна обврска која ќе го научи на ред и дисциплина и ќе му всади работна навика?

„Негово е само да учи, другото си е наше“.

Што е ваше? Да ја чистите секоја трошка позади детето додека прави пустош? Да го пуштите низ светот и животот без да знае да си направи едно просто јадење? Да биде од оние кои хистеризираат ако не им се свари кафе рано наутро, додека како некои разгалени мамини мази и татини принцезички чекаат во пижами да ги послужи некој?

Што е толку трагично да му се дадат обврски и задолженија додека детето истовремено учи? Во животот никогаш нема само ЕДНО задолжение па ти целосно да си сконцентриран само на тоа и ништо друго. Ќе жонглираш десетици работи истовремено, ќе си распнат на неколку фронтови. И на сите треба да бидеш победник или барем да дадеш сé од себе.

Зошто твое треба да е само учењето? Зошто на 20 и кусур години во период кога воопшто и немаш испити да лежиш дома до 2 попладне и да чекаш нешто да ти капне од мама и тато?

Па, уште од дома те охрабруваат бре. Па вас родителите не бе разбирам, не децата кои ве манипулираат поради вашата безумност. Си начекале - си користат.

Вие каде летате со паметот, со поуката дека смрдени 200 евра не се доволни за вашиот нежен цвет да се извлече од креветот наутро. Со недовршено образование, нула работно искуство, нула амбиција и нула интереси и вештини, што очекувате - директорска плата и службено возило можеби?

Не правете од здрави и прави деца инвалиди и не им го сведувајте мозокот на оној од амеба. Ослободете им ги крилјата, потурнете ги, охрабете ги. Дадете им надеж, насликајте им визија од една поубава иднина, каде што нема да мора да се чека пари за одмор или едно кафе од мама и тато.

Нека конечно заживеат во реалноста каде што со труд се заработува, каде што сам си купуваш кафиња и си плаќаш барем половина одмор. Свет каде што не е срамота да работиш на шанк, да продаваш сладоледи, да делиш рекламни фраери, додека си млад, здрав и способен.

Свет во кој тие 200 евра не се нарекуваат смрдени и не ги гледаш со потценување и понижување, туку гордо изјавуваш дека се лично твои, заработени чесно и со многу труд.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Писмо до жената на која светот ѝ се руши: „Знам дека нешто лошо ти се случило, но едно запомни“ „Знам дека нешто лошо ти се случило. Но, запомни, толку многу жени пред тебе мин...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg