„Самата си го бараше затоа што беше провокативно облечена“

Колку пати сте ја слушнале оваа неандерталска изјава поврзана како констатација со грозоморниот чин силување? Сама си го барала затоа што носела кратка сукњичка... била провокаторски настроена, пецкала, се брецкала, затоа и не носела долна облека на себе.

Sama-si-go-barase-zatoa-sto-bese-provokativno-oblecena-01.jpg

Не знам кои темни мисли ви виреат во главата, но НЕ значи НЕ. Нема преносна смисла, не дозволува читање меѓу редови и сопствена интерпретација.

Особено е поразително кога жени ги даваат овие изјави за други жени. Демократијата, феминизмот и нашите права ни гарантираат да се облекуваме и дотеруваме онака како што се чувствуваме удобно. За некои тоа значи закопчани до грло, за други со помалку облека на себе.

Тоа сепак не е повод или покана да трпиш нечие малтретирање. Колку и да е дискутабилен вкусот за облекување бидејќи некои навистина претеруваат, никогаш, ама баш никогаш не можеш да изјавиш дека „си го барала“.

Бидејќи газиш врз својот род, врз своите основни права. Да не бидеш третирана како предмет, како парче месо, осудувана поради својот изглед и начинот на кој се облекуваш.

Никој нема право да те допира доколку не сакаш, па уште да се вади на аргументот дека „сама си го барала и си провоцирала со изгледот“.

Замислете колкумина „си го бараат“ по таа нездрава логика. Ете си, глуп како ќуп, неинтелигентен, вистински вишок на општеството. Не знаеме ниту зошто го дишиш воздухот. Нема никаков аир од тебе, напротив товар си на сите.

Дали можеме да те убиеме на улица бидејќи си вистински тапчо? Зарем твојата глупавост не е доволна провокација да земеме и да ти го уништиме животот? Сам си го бараш, реално си глупчо.

Па не го правиме тоа. Бидејќи е незаконски, неморално, неетички, нечовечно. Не те осудуваме, си одиме по патот, а ти продолжуваш по својот.

Овие заостанати размислувања обликуваат згрозувачки оправдувања на луѓе со изопачени намери.

Секој има право да се облекува онака како што сака и не смее да биде допрен без сопствено одобрување или желба.

Крајниот заклучок е, и гола да е, девојката не бара ништо од никого. И никој нема право да претпостави спротивно или да посегне по неа.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Чудотворни места во Македонија за жени кои не можат да забременат - Сливничкиот манастир, „трудното ... Многу легенди, митови и вистински приказни се раскажуваат и пренесуваат од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg