Немаат време за кафе, а на каучот дупка направија од бесцелно лежење

„Не сме се виделе, да ми се јавиш, да си поприкажеме“ ќе се сретнете некаде и задолжително паѓа план за правење план за средба.

nemaat-vreme-za-kafe-a-na-krevetot-dupka-napravija-od-bescelno-lezenje-01.jpg

И планот го има, зборови има, ама желба од другата страна како комплетно да испарила. Сѐ останува на празни зборови.

Порано со пријателките сме правеле кафе средби, кои се претворале во ручек, па во десерт, па во уште едно кафе, па малку маникир и додека да трепнете минале 10 часа во непрестајно зборување и споделување на искуства, желби, соништа, идеи. А, сега каде е сето тоа?

Сите наеднаш станаа премногу зафатени и договарањето една кафе средба стана научна фантастика. Премногу обврски, премалку слободно време, а всушност и самите се свесни дека на каучот дупка направија од лежење. Не видоа бел ден од сивата низа работа, дома, спиење и истото одново.

Па нели работиме за да си дозволиме живот каков што посакуваме? А и едно кафе од 80 денари сигурно не е преголемо оштетување на домашниот буџет, ниту два часа од седмицата или месецот нема да го изместат „пренатрупаниот“ распоред на госпоѓата или господинот.

И во ред ќе беше да сте вие некој непосакуван лик во нивниот живот, но не е така. Знаете дека тајни ви доверуваат, дека вистински ве сакаат како пријател, но ете како и за сите останати и за вас немаат време.

Кругот им е сведен само на најблиското семејство, родители, партнер, деца и толку. Зарем не им недостигаат искуства од „надворешниот свет“, зарем не им е потребно време да се исклучат малку од тој шаблон, зарем заборавија дека животот без пријатели не е живот?

Запоставени пријателства, закопани спомени, затапен начин на живот... Само серии, бесцелно излежување и апсолутно пресликување на деновите еден во друг. И додека да трепнат годините минале, а животот не бил исцицан максимално.

nemaat-vreme-za-kafe-a-na-krevetot-dupka-napravija-od-bescelno-lezenje-02.jpg

Чудно задоволство од просечно секојдневие обоено постојано во едни, па исти бои и збогување со каков било адреналин. Дури и неколку часа за шопинг во текот на работната седмица се незамисливи. Можеби дури во сабота, а недела е посветена за чистење да не заборавиме.

Водно, Матка, парк, театар, кино, ресторан станаа мисловна именка. Можеби единствено со семејството некогаш едвај ако се договорат.

„Ајде на кафе, на трчање, во кафеана“ ќе се обидете повторно и повторно, но по некое време и вашата енергија останува исцицана од еднонасочноста на потребата за средба. Тие немаат време за вас е мислата која и тоа како ве тера да кренете раце од ова пријателство.

И полека, полека знаете дека ќе станете странци и дека немањето заеднички искуства ќе ве одведе на различни патишта и дека вие другарките/другарите од детство ќе ги замените со колегите од работа, но сѐ уште срце ве боли како немаат желба.

И немаат желба освен за да се излежуваат пред каучот што на моменти дури ве тера да се запрашате, а дали имаат желба за живот?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
„Ми се одмили Козјак за викенд, но бев во работен ден и беше идилично“ „Отидов после работа и на Козјак ме пречека спокој каков што не очекував. Немаше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg