Луѓето стареат и се разболуваат од грижи и маки на нашите простори, не од убавини

Многу е неблагодарно кога за некоја жена во не толку одминати години ќе се слушне – Леле, колку остарела. Леле, колку е огрубена.

Lugjeto-stareat-i-se-razboluvaat-od-grizi-ne-od-ubavini-01.jpg

Нема потреба за такво лелекање кога немаме никаква идеја од што всушност лелека таа жена.

Сигурно не остарела предвреме од убавини. Сигурно спокојноста не ѝ ја огрубила кожата на рацете, сигурно безгрижноста не ѝ ги исцртала брчките на лицето.

Луѓето кај нас стареат од маки и грижи, не од убавини.

Што те остарува предвреме? Стресот на работа, стресот дома. Шефот кој е веројатно најголемото муле во државата, а зема плата како на 20 обични работници. Колегите на кои не можеш да сметаш и ретко можеш да им се довериш, бидејќи најголемиот дел се пијавици и плетачи на пајакови мрежи кои во секој момент се подготвени да ти заријат нож во грбот откако ќе се свртиш.

Децата те остаруваат предвреме, колку и да звучи лошо тоа. Сите проблеми поврзани со нив, сите нивни желби кои не можеш да ги реализираш со скромниот буџет. Па те прашуваат каде си бил ти додека краделе сите и зошто сега немаш барем 3 стана, наместо да се стискаме сите во 60 m₂.

Болките на родителите стануваат и твои хронични болки. Нивната старост и немоќ почнува да се рефлектира и врз тебе, иако си 30-тина години помлад од нив. Растрчан помеѓу работата, семејството и децата и своите родители, почнуваш полека да се распаѓаш.

Чувствуваш повремена тахикардија, болки во желудникот, не можеш да се наведнеш да ги врзеш чевлите поради искривувањето на кичмата. Ништо не е, ќе помине, се самозалажуваш додека дробиш апчиња во твојата уста.

Нема потреба да се прашуваме што нè остарува предвреме. Животот на овие простори е како специјално скроен по уништувачки терк. Се грижиш дали ќе ти стигне платата за месецот. Се грижиш за секој дополнителен трошок, и за убаво и за лошо.

Мачно ти е што се грижиш дали ќе ти стигнат пари да купиш подароци за свадби и родендени, дали ќе имаш доволно бензин да стигнеш до одредена дестинација.

Се грижиш затоа што никој друг не се грижи за тебе. Пред неколку месеци запознавме еден човек од Холандија и кога кажа дека има 48 години не можевме да поверуваме, затоа што изгледаше 15 години помлад. Човекот беше дијабетичар и ни објаснуваше за инсулинската пумпа којашто ја има во стомакот. Колку чини да се купи, запрашавме?

За мене е целосно бесплатна бидејќи мојот здравствен план ја покрива во Холандија, за вас од прилика би чинела околу 5.000 евра.

И замолчевме. Што остана да се каже повеќе освен да се молиш да не се разболиш, затоа што каде тогаш ќе го најдеме крајот на нашите простори?

Живееме во сиромаштија, сиромаштија на духот и онаа вистинска, реална сиромаштија. Не сиромаштија од типот – „Немам доволно пари за патување во Португалија“, туку сиромаштија од типот „Немам доволно пари да купам месо повеќе од еднаш неделно“.

Не е никакво чудо што сме тмурни, лесно раздразливи и неемпатични. Не е чудо што станавме просто нечовечни и летаргични. Не е никакво чудо што на 50 години изгледаме како да имаме најмалку 65. Никој не остарел предвреме од убавини тука.

Додека го гледаш старецот во огледало пред себе се прашуваш како стигна дотука. Не прашувај драг пријателе, сите ја живееме истата тажна приказна.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се сеќаваш ли еднаш кога ти кажаа дека не можеш? Види се сега малечка, и тоа како можеш! Се сеќаваш ли кога ти шепотеа дека нема да можеш да минеш низ тоа, дека сигурно ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg