Стоп за ФБ пациенти од типот „Едно здраво примаш ли убава?“

Со банални фори, без критериуми и без грам срам Фејсбук предаторите опасно напаѓаат.

stop-za-fb-pacienti-od-tipot-edno-zdravo-primash-li-ubava-01.jpg

Сите ние сме пациенти по малку, секој на свој начин, секој со своите бубачки и мани... Ама кога ќе си го отворам Фејсбук сандачето, тогаш сфаќам дека за некои луѓе едноставно нема спас.

„Едно здраво примаш ли убава?“... Токму таква порака ми осамна во инбокс деновиве, па „Здраво маче, зошто не ми враќаш?“, па „Имаш ли дечко, па затоа глумиш лудило?“...

Удрив по едно „seen“ на пораките и „delete“ на овој профил, кога ете изненадување - добив уште една понуда за пријателство, верувале или не, од истата личност. Ја оставив ситуацијата на страна, сѐ додека на една кафе средба моја пријателка не ми го спомена истото име.

Кога ја додал на Фејсбук, видела дека со типот сум им заедничка пријателка, па го прифатила и оттогаш сандачето ѝ „гори“ од поетски пораки. И не е само таа во листата, туку историјата се повтори повеќе пати... И не е само овој лик, туку една низа ликови од градот, кои сметаат дека Фејсбук е совршена алатка за додворување на непознати.

Не, сокриен таму зад електронскиот екран, ниту со најубавите стихови на светот нема да ме освоиш, а не пак со селски фори. Дури и на 50 девојки да им го пишеш истото, мислам дека уште години и години отсега ќе се будиш сам. Кој е овој начин на воспоставување комуникација?

Да, Фејсбук го обожавам за комуникација со луѓе што ги знам, за промоција на идеи пред луѓе што не ги знам, но не и за пронаоѓање на сродната душа. Особено не што гледам дека местото на живеење ти е Скопје, а не преку два океана, па физички сум ти непристапна, и особено не, што не се потруди да смислиш нешто покреативно од „Маче, топ ти се фотките“.

Излитени фори, безвредни зборови, залудно изгубено време, па како Фејсбук освојувачите конечно не се уморија? Како не се уморија толку од бесцелно куцање на мал милион женски профили за да стигнат до тој степен да појдат во кафуле и виртуелното да го заменат со реално?

Луѓето не се перципираат преку социјалните мрежи, потребен е судир на погледи, размена на енергии, совршен тајминг, хемии, физики, чуда за љубов да се случи. Не е потребно јас да дојдам уморна дома и да си ја потковам самодовербата со лажни комплименти. Јас сум уморна од баналности, зарем не се умори и ти?

Ајде почни да си го живееш животот, престани со улогата на ФБ пациент, кој текстот „Едно здраво примаш ли убава?“ си го има подготвено во word документ и само со CTRL+C и CTRL+V го лансира до сите Фејсбук „убавици“ и чека да се појави вистинската за него со „Здраво убав, животот ми мина чекајќи те да ми пишеш“.

Во време кога времето стана скапоцено, како некои луѓе си дозволуваат да си го трошат на овој начин? Па додека мене ми пишуваше, на сестра ми ѝ лајкуваше, на пријателка ми приказни ѝ раскажуваше, не сфати дека другарка ти од детство те гледа со очи полни љубов, дека колешката ти праќа аморови стрели и дека не си се социјализирал со луѓе веќе три месеци.

Доста ја играше улогата на ФБ предатор, потребна ти е итна терапија од реалноста, животот те повикува! Да, да тој што се живее кога очите ти се тргнати од електронскиот екран, тој што вклучува мириси, допири, воздишки, тој што ти е еден и единствен даден за живеење.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
10 причини зошто добрите жени поминуваат најлошо во животот Добрата жена не знае да каже 'НЕ'. Добрата жена ќе подголтне и нема да се кара. ...
Луѓето ќе ви зборуваат за вашето дете, но не ги слушајте... Јасно и гласно ќе ви кажат дека не треба да го лулате бебето за да заспие, а пот...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
За жените по 40-тата животот допрва почнува! По 40-тата, жените престануваат да бројат калории. Затоа што љубовта, интересот,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg