Нема потреба да ми глумиш фин, ти ја видов дрскоста со келнерката

Дрскиов господин удри со поплаки и жалби кон келнерката, којa не погреши ништо, па како да му верувам на финиот однос кон мене?

nema-potreba-da-mi-glumish-fin-ti-ja-vidov-drskosta-so-kelnerkata-01.jpg

Излегувам на состанок со еден маж, чија интелигенција и физички изглед некако ги почувствував како по мерка од една блиц средба, некое добро претчувство имав мора да признаам... Но, сепак главното допрва доаѓа, душата можеби нема да му ја видам на првиот состанок ама културата и тоа како се гледа.

Одлучив веќе да не поставувам „превисоки“ критериуми на тема бонтон (велам превисоки затоа што кај нас кавалерите некако реткост станаа, верувам ќе се согласите), па така веќе сама си го облекувам капутот и си ставам пијалак. Едноставно, не сакам да имам преголеми очекувања од неговите манири за да не се разочарам одново.

И таман кога помислив дека веќе ништо не може да ме разочара, дека ќе бидам една од оние скромни девојки кои немаат предолга листа на посакувани манири кај потенцијалниот партнер, ете го него - се покажа во сиот свој сјај. На келнерката и мавта со раце како автостоп да е во прашање, гласно негодува за нејзината брзина, па порачува од оние дооолгите нарачки во кои имаме три зрнца кафе, две шеќер, пола коцка мраз (добро, драматизирам ама нешто слично беше, не запомнив премногу беше комплицирано), потоа и вели „чекај уште ова, чекај уште ова, ааа тоа првото не“ (од оние ликови со неорганизирани мисли на кои им треба да си запишат на ливче за да сфатат што сакаат).

И потоа девојката заминува, а тој однапред констатира како сигурно ќе му биде погрешена нарачката, раскажува како се нервира од неспособен персонал (да, девојката сè уште не ја донесе нарачката што значи тој, како опасна пророчица, предвиде дека таа ќе погреши и однапред ја прогласи за неспособна), како повеќе сакала да се „фрцка“ со задникот, отколку да ги услужи клиентите како него (да, и задникот успеал да ѝ го одмери) итн.

Главата ме заболе уште во старт искрено. Таква силна блокада и одбивност ми се создаде кон овој човек што се прашував како ќе издржам час, два тортура. И изненадувачки не беше тортура, кон мене од фин пофин. Од устата како мед и млеко да му течеше. Заинтересиран поглед, поставување на прашања, ислушување до крај, сè со ред. И паметен беше и убав беше, но некако сè како да падна во вода со тоа дрското однесување кон келнерката на почетокот од состанокот.

Некако срце не можеше да ми го засака. Штом е такво арогантно суштество со неа, тој не може да биде добар и културен човек, ова сега со мене му е некоја добро искована маска за во јавност, порано или подоцна и со мене ќе си го покаже вистинското лице. Па, дури и да не е така не сакам до себе човек што ги третира останатите со дрскост и понижување.

И, да, на крајот пак имаше проблем, пак според него „предолго“ чекавме, услугата не заслужувала бакшиш ниту под разно и низа други поплаки. Го прогласив првиов за последен состанок и со чувство на непријатност и виновен поглед што воопшто сум седела со таков човек си излегов од кафулето.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
16 години непребол од смртта на Тоше Проески: „Денес повеќе би сакал да ти дојдам на концерт, намест... „И 16 години по смртта, Тоше е непребол. Ме лазат морници кога шетам низ Крушево...
Вие наши сакани, што го победивте ракот и се смеете повторно од срце, вие сте нашите херои од реално... Зарем треба да ја сожалуваме жената со марама на главата? Не, ние треба да бидем...
Баба Рога, самовили, страшни кловнови: Со што сè нè плашеа како деца? Пред неколку вечери, нешто пред полноќ, се возев во градски автобус, минувајќи г...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg