И во Македонија има хумани луѓе: Секоја чест - вие радост зрачите, вие среќа значите!

Емпатијата како да се разбуди во нас и сè повеќе луѓе со срце планина работат на тоа да ја направат Македонија подобро место за живот.

makedonijo-ljubov-si-mi-bravo-humani-lugje-vie-radost-znachite-srekja-zrachite-01.jpg

И како што на периоди навистина знае да ми биде мачно логирањето на Фејсбук со сите тие политички статуси преполни негативизам, со сите тие нападни реклами и жестока пропаганда на умот и критичари сокриени во глувчешка дупка зад електронскиот екран, така во последно време логирањето сè повеќе ми станува вистинско задоволство.

Собрани пари за операција, пронајден дом за измрзнат бездомник, оперирано повредено кученце, дечиња без родители изненадени со новогодишни подароци, донации за ранливите групи граѓани и што уште не. Никогаш толку хумани дела, никогаш толку горда Македонка!

makedonijo-ljubov-si-mi-bravo-humani-lugje-vie-radost-znachite-srekja-zrachite-02.jpeg

Толку многу луѓе во вистинска смисла на зборот со срце големо како планина, па како да не ти е убаво на душичката? Никогаш не сме биле посплотени за да помогнеме некому, никогаш порешителни да проговориме за неправдите и да ги исправиме истите, барем онолку колку што е во наша моќ.

Огромен број на проекти кои носат некому радост кружат по социјалните мрежи, а одзивот е огромен.  Некако како полека да наоѓаме лек за хроничната болест од која патевме долго и повеќе не мислиме само за нас, туку и таму за некое детенце, жена, старец со кои судбината си поиграла. Почна да нè боли туѓата болка и работите оттука се придвижија. Се придвижија во прекрасна насока.

makedonijo-ljubov-si-mi-bravo-humani-lugje-vie-radost-znachite-srekja-zrachite-03.jpeg

Сплотени добивме глас и моќ да промениме некои работи и нечии судбини. Сега цврсто стоиме зад секој што има потреба од помош. Ретки болести, сиромаштија, проблем со државниот систем, никој повеќе не е сам. Сега само отворено да се проговори за својот проблем е првиот чекор до решавањето затоа што за промена започнавме да слушаме.

Со ширум отворени уши и очи сфативме дека животот не е само тонење во егоизам и во сопствените потреби, туку е социјализирање и емпатија за сметка на подобро утре на сите. Среќата е поголема кога ќе се сподели, болката е помала кога ќе се сподели. Конечно се освестивме за оваа вечна вистина.

Одвојуваме дел од нашите финансиски средства за другите, делиме насмевки каде животот бил скржав, помагаме и тогаш кога сè изгледа безнадежно и некако на грабливецот наречен живот како да му ставаме препрека да уништи до крај таму каде што се концентрирал.

makedonijo-ljubov-si-mi-bravo-humani-lugje-vie-radost-znachite-srekja-zrachite-04.jpg

И сета таа добрина што ја чиниме за другите некако со убаво ни се враќа. Не, не велиме дека постои карма, не навлегуваме во тоа, но цврсто веруваме дека добрата мисла и доброто дело носи мирен сон и духовно исполнување, а за среќен живот тоа е доволно.

Не смееме да ѝ ставиме окови на хуманоста што така заразно почна да се шири во нашето општество. Секој што е двигател, но и најмало шрафче во оваа машинерија на сеење насмевки мора да биде награден со искрено од срце кажано со почит од дното на душата - огромно БРАВО!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат од твојот живот Заблуда е дека можеш да ги задржиш луѓето, кога сакаат да си одат. Можеш само да...
Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg