Крадени твитови напишани како свој Фејсбук статус – зини земјо „голтни го“!

Китењето со туѓи перја како да ни стана навика во сите аспекти на животот, а од пред некоја годинка и на социјалните мрежи. Туѓите идеи не смеат да се претставуваат како свои ама како да им се објасни!

kradeni-tvitovi-napishani-kako-svoj-fejsbuk-status-zini-zemjo-goltni-go-01.jpg

Твитерџии? Ммм, креативни луѓе, пиши кусо – кажи многу, доза сарказам за актуелните случувања убаво спакувана, хумор за интелигентни и што уште не. Секоја чест!

Но, оние другите оние „Фејсбукџии“ што сакаат да се китат со туѓо перје, односно да собираат лајкови со туѓи мисли, ете тие не ги разбирам. Да не се разбереме погрешно, мислам на мал дел од „Фејсбукџиите“, на оние со омилена опција copy - paste.

Баш ме интересира на тој еден Фејсбук пријател што го имам од ваков тип како му почнува утрото?

Дали со утринското кафе прави малку Твитер истражување? Разгледува македонски, а ако е од „посовремените“ разгледува и српски твитови, па со благо модифицирање, а најчесто со воопшто, бидејќи и за тоа треба мозок, си ги става како своја мисла во Фејсбук статус. Да, да, лично негови зборови се тоа!

И откако ќе собере некој лајк од некои изгубени во вселената, па дури и коментари од нив колку е креативен, зарем не сфаќа дека ние останатите не сме паднати од Марс и знаеме точно од каде потекнува таа „негова“ мудра мисла? Толку многу ме иритира кога ќе прочитам ваков статус што косата ми се крева.

kradeni-tvitovi-napishani-kako-svoj-fejsbuk-status-zini-zemjo-goltni-go-02.jpg

И, иако не сум од оние што би прокоментирале за да му плеснат в лице, ми се допаѓа фактот што постојат такви луѓе, па често под овие „уникатни“ Фејсбук статуси, понекогаш пренесени и како лично искуство од кафеана, диско или средба со некоја девојка/момче ќе им го стават оригиналниот твит, па ќе им споменат дека малку мамат, па овие ќе се правдаат дека е само една огромнаааа случајност, па потоа ќе го избришат коментарот на овој злобник.

Како ви се троши време и енергија да гуглате туѓи мисли и да глумите лудило дека се ваши? Ако имате свој став на одредена тема пишете го, ако не навистина не морате да пишувате апсолутно ништо. Овој свет ќе преживее без тоа денес да објавите три крадени статуси и да ни го закитите Фејсбук ѕидот со своите т.н. напливи на креативност.

Нема потреба да се заморувате да ни пренесувате работи кажани од некој друг, кои веќе добро ги знаеме, а дури и да одлучите да го сторите тоа, навистина би било чесно да наведете кој е авторот.

Се надевам апелов ќе биде пристигне на вистинското место, но, и да не стигне ме теши помислата дека сепак постои опција „Unfollow“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се ежам од луѓе слабаци Се ежам од луѓе слабаци, кукавици. Онакви несигурни, чиниш скршени, кои никогаш ...
„Не истурај го гневот врз родителите, не труди се да им се допаднеш на сите“ – Што би ѝ порачала на ... Немој по секоја цена да се менуваш за да им се допаднеш на другите. Ќе сфат...
Некогаш летниот одмор беше во село кај баба и во камп приколки во Струга vs. денес - по цел ден на т... На календарот ги одбројуваме последните денови од август, а со тоа, е крајот на ...
Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Преку глава ми е Жена, мајка, кралица.... како да не бе! Стани прва, собери ако некој нешто остав...
2-ри мај и денес ме потсетува на излет, скара и денот кога го запознав Ричард Гир на Водно Се сеќавате дека до пред 15-тина години Денот на трудот се празнуваше на 1-ви и ...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg