Стари зборови - ново значење

Со текот на времето, освен што ние растеме и се менуваме, се менуваат и значењата на некои од зборовите кои ги користиме секојдневно.

stari-zborovi-novo-znacenje-0001.jpg

На интересен начин се прикажани дел од нив и нивното сегашно значење:

Огледало – најважната справа во теретана.

Happy Hour – ситуација кога се будите еден час пред алармот и сфаќате дека имате уште толку за спиење.

Емајлиран – затрупан со електронска пошта.

Марихуана – трева која може да предизвика значително поголема среќа од детелинка со четири листа.

Пиперка – оној дел од полнета пиперка кој најчесто не се јаде.

Крај на светот – настан кој сега веќе традиционално се одржува на секои 3-4 години.

Клаустрофобија – страв од затворени простории. Си тргнал накај кафана и страв ти е да не е затворена.

Длабока пенетрација – кога снегот и покрај чизмите и двата пара чорапи успева да ти ги намокри нозете.

Хипнотизер – баба која ги загледува децата во автобус и се обидува со очи да им каже дека треба да и го отстапат местото.

Роденден – собирање годишни залихи на дезодоранси и гелови за туширање.

Вештачка интелигенција – плавуша која се фарба црна.

Оптимизам – кога ќе тргнеш на пазар со два кондоми во џеб. Никогаш не се знае што те чека...

Би можело да ве интересира:

Баба ми велеше: „Никогаш не излегувај со валкани гаќи, не знаеш кога м... Баба ми беше чудесна жена. Нежна и истовремено силна, таа за мене беше олицетвор...
Палевме Југо и одевме на Јадран - Како изгледаше летувањето на времето... Ќе се согласите, нема кој не ги памети летувањата од детството - тоа уникатно во...
Како можеш да излегуваш секој викенд, а детето дома ти спие со баба му... Знаете, Фејсбук е едно шаренило од глупости, тривијални вести, „фејк“ патики од ...