Можам да ја почувствувам твојата болка, да ја спознаам твојата тага, ти се чита од очите, ти ги гледам солзите со кои плачеш однатре, заглавен си во сенките на сопственото постоење. Кревка душо, доста плачеш, доста ги создаваш тие дождови кои се причина за твоето тмурно небо...