Ги знаете овие интересни факти?

Во светот постојат многу нешта зад кои се кријат мали интересни тајни. Некои факти не се чувани тајно, но се подзаборавени со текот на времето, а не ги пишува во учебниците. Дознајте нешто ново или потсетете се ако некогаш сте слушнале за овие факти.

gi-znaete-ovie-interesni-fakti- 01

1. Хипопитуитаризам е ретка болест која на луѓето, покрај останатите проблеми кои им ги создава, не им дозволува да почувствуваат љубов.

2. Венди Ричмонд е мајка од Велика Британија која има ретка болест поради која секојпат кога ќе каже „Те сакам“ се онесвестува, а секојпат кога се смее или плаче речиси целосно се парализира.

3. Првиот претседател на Зимбабве се викал Банана.

4. Просечно во светот на секои 53 секунди се краде нов лаптоп.

5. Писателката на серијалот Хари Потер неделно заработува по 5 милиони долари.

6. Хумухумунукунуапуа е назив за риби на Хаваите.

gi-znaete-ovie-interesni-fakti-1

7. Просечна Тојота се прави за 13 часа, а Ролс Ројс за 6 месеци.

8. Најмалку 80 % од сите луѓе во светот живеат со помалку од 10 долари дневно.

9. Левиот и десниот чевел се измислени дури во 1850 година. До тогаш двата биле идентични.

10. Фројд толку многу го сакал кокаинот, што дури сметал дека е соодветен подарок за роднини и пријатели.

11. Околу 1,5 милијарди луѓе во светот имаат вишок килограми, а околу 900 милиони луѓе немаат 3 оброци дневно.

12. Бројноста на мравките е толку голема што за секој човек во светот има околу 100 милиони мравки.

gi-znaete-ovie-interesni-fakti-3

13. Од пубертетот до смртта, просечен маж може да произведе доволно сперма за теоретски, околу 405 пати повторно да ја насели планетата со моменталната популација од 7 милијади луѓе.

14. Само во јануари 2012 година, луѓето на Фејсбук потрошиле вкупно 10,5 милијарди минути, односно, 887 илјади години за само еден месец.

15. Првата модерна кампања против пушењето ја водел Хитлер.

16. Повеќето луѓе мислат дека мамутите изумреле многу одамна, меѓутоа, тие преживеале, на островот Wrangel во Арктичкиот Океан, сè до 2500 година п.н.е. Тоа значи дека мамутите биле живи во времето кога Египќаните граделе пирамиди.

17. Повеќето арамадили раѓаат 4 идентични младенчиња.

18. Тешко е да се утврди колку точно е длабок песокот во Сахара, но според проценките, неговата длабочина во просек изнесува околу 150 метри.

gi-znaete-ovie-interesni-fakti-2

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg