Учете од великаните како Ганди - Таму каде што постои љубов, таму постои и живот

Денес залагањето  за идеите и принципите на Махатма Ганди се нарекува гандизам. Меѓутоа, тој на тоа скромно рекол: „Не постои такво нешто како „гандизмот“ и јас не сакам зад себе да оставам, каква било секта.

ucete-od-velikanite-kako-gandi-tamu-kade-sto-postoi-ljubov-tamu-postoi-i-zivot-01

Јас не тврдам дека сум открил некој нов принцип или доктрина. Јас само се обидов на свој начин да ја применам вечната вистина на нашиот секојдневен живот и проблемите во него.

Мислењата кои ги формирав и заклучоците до кои дојдовме не се конечни. Можеби ќе ги променам утре. Вистината и ненасилството се стари колку планините.

Неговите мисли за хуманоста, љубовта и вистина остануваат вечно да се помнат!

1. Не смеете да ја загубите вербата во хуманоста

-Хуманоста е океан, ако се заматат неколку капки, нема и целиот океан да биде валкан.

2. Човекот често се претвора во она што го мисли за себе.

-Ако постојано повторувам дека не можам некои работи да ги направам многу е веројатно дека навистина нема да можам. Спротивно на тоа, ако верувам дека можам сигурно ќе имам способност и да го направам тоа.

3. Човекот станува великан согласно нивото на кое работи за доброто на другите луѓе.

4. Еден грам пракса е повреден од еден тон теорија.

5. Зборувај, само ако тоа ја подобрува тишината.

6. Ако сакаш да видиш промена во светот, мора ти да бидеш дел од таа промена.

7. Силата не доаѓа од физичкиот капацитет, туку доаѓа од нескршливата волја.

8. Дури и ако сте малку или сте сами, едни и единствени, вистината е вистина.

9. Да веруваш во нешто, а да не го применуваш, тоа е нечесно.

10. Таму каде што постои љубов, таму постои и живот.

„Подари насмевка на оној кој никогаш ја немал. Земи зрак сонце и однеси го таму каде што владее ноќ. Најди го изворот и измиј го оној кој е валкан.

Земи солза и стави ја на лицето на оној кој никогаш не заплакал. Земи храброст и стави ја на душата на оној кој не смее да се бори.

Откриј го животот и проповедај им за него на оние кои не можат да го сфатат. Земи ја надежта и живеј со неа.

Земи добрина и подари им ја на оние кои не знаат да даруваат. Откриј ја љубовта и покажи ја пред целиот свет“.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg