Најдобрите цитати на Петре М. Андреевски во чест на 80-от роденден

Кога се помислува на поезија, на уметност од зборови, на љубов во нејзината најсилна форма, тогаш се помислува на вечниот и незаменлив Петре М. Андреевски.

vecni-citati-od-vecniot-petre-m-andreevski-za-80-ot-rodenden-01

Оној кој знае да продре во сечие срце со остар нож премачкан со мелем, оној кој знае да ви ја погали душата со шлаканица, оној кој знае и невозможното заради љубовта кон Дениција да го направи возможно.

Оној кој никогаш нема да можете да го избришете од книжевната историја ниту да го претворите во прашинка и да го избришете од полиците од библиотеките.

Секој негов збор, секоја мисла, секој стих е како пиреј и пак ќе никне, оти е врежан во нашето битие и е гордост која не смее да се заборави никогаш.

Денес го славиме неговиот јубилеен 80-ти роденден, а нема поубаво славење од почитта со потсетување на неговите најголеми и најубави мудрости од најзначајните дела.

„Дениција“, 1968

„Ти беше мојот Исток и мојот Величетврток, ти беше сè што му недостасуваше на светот“.

„Ти ме призираш од небото и од земјата, а мене никако не ми успева да ти кажам дека и мојата смрт започнува по твојата и дека блажено е да се живее, а поблажено да се умира мислејќи само на тебе Дениција...“

„Молњата што минува низ тебе во мене се одразува и јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“.

„Ништо не е повидливо и ништо не е поприсутно од твоето отсуство“.

„Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот“.

„Ќе спијам во движење, сенката своја ќе ја прескокам ќе ги затнам сите извори, сè што гори ќе отворам. Ќе направам да не се знае кај е лево и десно, ќе ти наберам ѕвезди, ќе ти влепам шлаканица само да ме сакаш.

„Кај ќе стасам ќе разделам топло од студено, на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас, со ова што го велам и слепо и глуво ќе исцелам
само да ме сакаш“.

„По нејзината воздишка го запомнував воздухот за да можам да ја стигнам, незабележан од никого, но таа беше побрза од сите небесни светлини, зашто секаде сама си го осветлуваше патот“.

„Ни љубовта и омразата меѓу клучот и катанецот, ни притаената светлина во купениот кибрит;
ништо не е повидливо од твојата трага пред мене и зад мене, со мене и во мене.

vecni-citati-od-vecniot-petre-m-andreevski-za-80-ot-rodenden-1.jpg

„Пиреј“ (1980)

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска! Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе оживи,ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева!“

„Пријателот ти е роднина кого самиот си го избираш“.

„На изгореното срце и окото му е суво. Не пушта солза и да го молиш“.

„Трагата на ѓаволот не му ја гледаш и пак по неа одиш“.

„Ама срцето човечко било бунар: само се полни, а не се преполнува“.

„На селаните, среќата им е променлива, а несреќата постојана“.

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.

vecni-citati-od-vecniot-petre-m-andreevski-za-80-ot-rodenden-2.jpg

„Тунел“ , 2003

„Останало животворната вистина да ја откриеме откако ќе сфатиме дека не можеме да живееме оддалечени од некого, без кого не можеме“.

„Колку повеќе знаеш, толку повеќе ќе страдаш!“

„Ако мислиш и ти да бегаш – ми вели, никогаш да не се обѕрнуваш назад. Твоето свртување може да биде кобно - ми вели, зашто ќе дознаеш кој е тој што те брка. Ќе му го видиш лицето и може да се предадеш. Ќе застанеш и ќе му се предадеш - вели. Затоа бегај се додека не се умори тој што те брка. Додека не те заборави. И додека ти не го заборавиш него“.

„Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“.

„Облеката е измислена да ти ги покрива недостатоците, а зборот да ти го покажува и тоа што не се гледа“.

„Секој човек си го планира некако животот. Но никој не знае кај згрешил кога ги повлекувал правите и криви линии, допирните точки, острината на аглите. Не може ни со сигурност да се објасни кај му измрдала либелата. Можеби некој ден ќе го открие тоа, но ќе го открие кога не ќе може нешто да измени”.

„Сега дури сфаќам дека и среќата и несреќата ги разбираме откако ќе нема со кого да ги делиме“.

vecni-citati-od-vecniot-petre-m-andreevski-za-80-ot-rodenden-3.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози...
„Среќниот крај не може да дојде во средината на приказната“ - Најубавите цитати на Питер Бигл Питер Сојер Бигл (роден на 20 април 1939) е американски писател на фантастика и ...
„Ако си премногу фин, само ќе те изедат жив“ - Најпознатите цитати од Златан Ибрахимовиќ „Посакувам секој на овој свет да може да оди до неговиот фрижидер и да избере шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg