20 моќни пораки од Ернест Хемингвеј

Писател со авантуристички дух, добитник на Пулицеровата награда за романот „Старецот и морето“ во 1953 година и Нобелова награда за книжевност една година подоцна. Хемингвеј е писател од еден поинаков ранг, еден од оние ретките кој има оставено многу поучни мисли за животот, љубовта, успесите...

20-mokni-poraki-od-ernest-hemingvej-1.jpg

Неговите мисли не се ниту површни, ниту провидни, туку длабоко моќни. Не се читаат, туку се размислуваат, а она што ќе го разберете ви останува врежано засекогаш.

1. На човекот му требаат околу 2 години за да научи да зборува и околу 50 години за да научи да молчи

2. Грдите жени остаруваат побрзо од убавите – тие преминуваат од сенка во мрак.

3. Колку се подобри писателите, толку помалку зборуваат за она што го напишале.

4. Човекот не е создаден за да биде победен. Човекот може да го уништат, но не може да го поразат.

5. Секогаш можеш да пишуваш, ако те остават луѓето на само, и ако не ти пречат. Но, сеапк, најубаво се пишува кога си заљубен.

6. За многу мажи војната е најголемиот момент во нивниот живот. Тоа ја заменува нивната креативност.

7. Идеалист е човек кој знае дека ружата мириса поубаво од морковот, па според тоа заклучува дека и чорбата од ружи може да биде повкусна отколку чорбата од морков.

8. Има луѓе кои слушаат ехо, па помислуваат дека сами произведуваат оригинален звук. Има луѓе кои зборуваат, зборуваат и зборуваат сè додека не успеат да кажат нешто.

9. Луѓето кои немаат со што да се фалат, се фалат со својата несреќа.

10. Сите наши зборови од постојаната употреба, ја губат острината.

20-mokni-poraki-od-ernest-hemingvej-01

11. Кога луѓето се согласуваат со мене, секогаш имам чувство дека некаде сум погрешил.

12. Мажот мора да биде заљубен во жената за да создаде основа за пријателство.

13. Младоста ја имаме за да правиме глупости, а староста да жалиме за глупостите.

14. За моралот знам само толку, дека е морално она после кое се чувствувате добро, а неморално она после кое се чувствувате лошо.

15. Сите добри книги имаат едно заедничко нешто – повистинити се напишани, отколку кога напишаното навистина би се случило.

16. Може да нè навредуваат, но не можат да нè покорат.

17. Среќата кај интелигентните луѓе е најретко нешто.

18. Оди по својот пат и биди подготвен за вистинскиот момент.

19. Чувај ја бистрината во главата и поднеси го патењето на достоен начин.

20. Мора да се навикнеме дека на најважните крстопати, не наоѓаме секогаш знаци.

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg