Необични правила и факти за физичката привлечност

Физичката привлечност е прв чекор при секое запознавање или почеток на врска. Често слушаме како треба да изгледаме или да се однесуваме, но сепак постојат некои скриени правила и факти, за кои понекогаш и не сме свесни дека се забележуваат.

neobicni-pravila-i-fakti-za-fizickata-privlecnost-01

Токму тие правила на физичката привлечност може да бидат пресудни за воспоставување на позитивен контакт.

Некои се необични, некои интересни, но добро е да ги знаете и да ги запаметите, па можеби ќе ви помогнат во некоја ситуација за оние кои може да ги контролирате.

1. Доколку директно гледате во очи некој странец тоа може да ви го зголеми нивото на вашата привлечност кај таа личност, дури и ако никогаш претходно не сте разговарале.

2. Андростенол е хемикалија која може да се најде во свежата пот на мажот е феромон кој некои жени ги привлекува.

3. Една студија покажала дека мажите можат да почувствуваат намалување на сексуалната привлечност според мирисот на солзите.

4. Луѓето сакаат партнери со симетрично лице затоа што потсвесно веруваме дека нашето потомство исто така ќе има симетрични црти на лицето.

5. Очилата за сонце создаваат изглед на симетричност на лицето, со што го прават попривлечно и помистериозно.

6. Една студија открила дека жените зборуваат на повисок тон кога се наоѓаат во близина на некој кој им се допаѓа.

7. Емотивните реченици изговорени во левото уво се памтат подобро, отколку изговорените во десното уво.

8. Годините  на вашите родители во кои ве зачнале одредуваат какви ликови ќе ви бидат привлечни.

9. Ако почнете или престанете да користите пилули за контрола на несакана бременост може да го изгубите интересот за партнерот.

10. Доколку ве привлекува некој кој ви е сличен според изгледот, тоа е затоа што потсвесно му верувате.

11. Жените кои се смеат се попривлечни од оние кои не се смеат.

12. За мажите важи обратното.

neobicni-pravila-i-fakti-za-fizickata-privlecnost-2.jpg

Би можело да ве интересира:

9 факти за женското тело што звучат нереално Жените имаат посилно сетило за мирис и имаат поголеми шанси да преживеат сериозн...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg