Животни лекции на кои нè научи животот: Верувајте во чуда!

Животот не е лесен, луѓето често се соочуваат со предизвици кои понекогаш не знаат како да ги надминат, кои ги менуваат како личности. Искуството е брутален учител, но секогаш учиме на сопствените погрешки.

zivotni-lekcii-na-koi-ne-nauci-zivotot-veruvajte-vo-cuda-01.jpg

Ова се универзални животни лекции кои треба да ги знаете и да ги користите во секојдневниот живот:

1. Животот не е фер, но тоа не значи дека не е добар. Зависи од перспективата.

2. Животот е премногу краток за да губите време мразејќи никого.

3. Плаќајте ги вашите сметки, секој месец.

4. Не мора да се победи во секојa кавга. Согласете се дека не се согласувате.

5. Плачете со некого. Тоа повеќе лекува, отколку некој да плаче сам.

6. Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.

7. Во ред е вашите деца да ве видат како плачете.

8. Не го споредувајте својот живот со животот на другите. Немате идеја низ што тие поминуваат.

9. Писателот пишува. Ако сакате да бидете писател, пишувајте.

10. Носете убава облека, не ја чувајте за специјални пригоди. Денес е посебен ден.

11. Бидете ексцентрични сега. Не го чувајте тоа за староста.

12. Најважниот сексуален орган е мозокот.

13. Никој не е одговорен за твојата среќа, освен тебе.

14. Она што другите луѓе го мислат за вас не е ваша работа.

15. Времето лечи речиси сè. Дадете му време на времето.

16. Било да се работи за добра или лоша ситуација, ќе се промени.

17. Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе бидете болни. Вашите пријатели ќе го прават тоа. Останете во контакти.

18. Верувајте во чуда.

19. Вашите најблиски ве сакат поради тоа што сте, а не поради тоа што го правите или не го правите.

20. Тоа што нема да ве убие, ќе ве направи посилни.

21. Стареењето ја победува алтернативата - да се умре млад.

22. Најдоброто допрва треба да дојде. Колку и да звучи надежно или нереално, тоа секогаш ни останува.

23. Ако не прашате, нема ни да добиете.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
10 факти за Сончевиот систем кои звучат нереално Просечната температура на Тритон – една од месечините на Нептун – изнесува -235 ...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
10 кратки цитати од Далај Лама за љубовта и сочувството, што ќе ви го разубават денот Постојат само два дена во годината кога не можете да направите ништо. Првиот се ...
„Ако си премногу фин, само ќе те изедат жив“ - Најпознатите цитати од Златан Ибрахимовиќ „Посакувам секој на овој свет да може да оди до неговиот фрижидер и да избере шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg