Покажете ми нормален човек за да го излечам: Најдобрите цитати на Карл Густав Јунг

Карл Густав Јанг бил психолог и филозоф, познат по своето пријателство со Зигмунд Фројд.

Najdobri-citati-na-karl-gustav-jung.jpg

Ова се неколку негови најдобри цитати кои можат да ни помогнат подобро да се разбереме себеси и да се прифатиме какви што сме.

1. „Не се приврзувај за тие што заминуваат, бидејќи нема да ги запознаеш тие кои наминуваат“.

2. „Сé што нé иритира кај другите луѓе може да ни помогне да се разбереме себеси“.

3. „Најголемиот товар за едно дете е неиживеаноста на неговите родители“.

4. Вашата визија ќе стане јасна само кога ќе можете да погледнете во вашето срце. Кој гледа кон надвор – сонува; кој гледа кон внатре - се буди.

5. „Покажете ми нормален човек за да го излечам“.

6. „Тоа на што се спротивставувате, упорно ви тежи“.

7. „Депресијата е како жена во црно. Ако сврати, не ја бркајте. Поканете ја да влезе, понудете ја да седне, третирајте ја како гостин и слушнете што има да каже“.

8. „Најчесто рацете ќе ја решат мистеријата со која интелектот залудно се бори“.

9. „Сонот е мала скриена врата која води до најдлабоките и најинтимните прибежишта на душата, која пак се отвора на онаа исконска космичка ноќ, долго време пред свесниот разум“.

10. „Човек кој не поминал низ пеколот на своите страсти никогаш не ги надминал“.

11. „Вашата замисла ќе стане јасна само кога ќе можете да погледнете во вашата душа“.

12. „Магија - друг збор кој ја опишува психолошката назнака“.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Не закопувале богатства, немале папагали и уште 11 факти за пиратите На самиот почеток треба да се забележи разликата помеѓу пират и гусар. Гусарите ...
Луѓето јадат глина, најголемиот град има популација како цела Македонија: 10 интересни факти за Каза... Казахстанскиот јазик и култура се длабоко вкоренети во идентитетот на земјата, а...
„Стареењето е привилегија што ја нема секој“: Цитати кои ќе ви покажат дека годините не треба да ве ... „Секој кој престанува да учи е стар, без разлика дали има 20 или 80 години. Оној...
10 кратки цитати од Далај Лама за љубовта и сочувството, што ќе ви го разубават денот Постојат само два дена во годината кога не можете да направите ништо. Првиот се ...
Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg