14 брилијантни и цинични цитати на Чарлс Буковски

Нема човек кој не ја обожава иронијата и лудоста на Чарлс Буковски, еден од најинтелигентните писатели.

10-brilijantni-i-cinicni-citati-na-carls-bukovski

Го цитираме заради остроумноста и итриот начин на кој животот го прави поинтересен отколку што реално е:

1. Голото преживување додека не умрете е напорна работа.

2. Не верувам дека е можно светот да се направи подобро место за живеење. Верувам дека можеме да престанеме да го правиме лошо место.

3. Светот ќе го спасите со спасување на една личност; сé друго е грандиозен романтизам или политика.

4. Сите жени се различни. Во целина, делуваат како комбинација на најдоброто и најлошото, а во исто време магично и страшно. Во секој случај, јас сум среќен што постојат жените.

5. Писателите се очајни луѓе, а кога ќе престанат да бидат очајни - престануваат да бидат писатели.

6. На 25 години секој може да биде гениј. Со 50 треба да направиш нешто да станеш популарен.

7. Интелектуалците ги кажуваат едноставните работи на потешкиот начин. Уметниците ги кажуваат сериозните работи на едноставен начин.

8. Некои луѓе никогаш не полудуваат. Мора да живеат навистина страшен живот.

9. Можно е да се сака еден човек, ако не го познавате добро.

10. Потенцијалот не значи ништо. Речиси секе бебе во лулка има повеќе потенцијал од мене.

11. Не постои ништо апсолутно погрешно на светот. Дури и часовникот кој не работи, успева да биде точен двапати во денот.

12. Никогаш не бев ситен крадец. Го сакав или целиот свет или ништо.

13. Ако сакате да направите нешто - одете до крај. Во спротивно, не ни почнувајте.

14. Кога нема болка, тоа е крај на чувствата. Секое наше задоволство е договор со ѓаволот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Од дете на бегалци до кралица на која сите ѝ се восхитуваат – Факти за Ранија, кралицата на Јордан Побегнала од Кувајт кога имала само 21 година, работела во банка, а денес е крал...
„Ако не побарате нешто, одговорот секогаш ќе биде не“ – Цитати кои ќе ви ја вратат самодовербата во ... „Успешните луѓе чувствуваат страв, успешните луѓе имаат сомнежи и успешните луѓе...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
Факти за Деми Ловато - се прогласи за небинарен род, „зборува“ со вонземјани Деми Ловато почнала да користи дрога и алкохол поради притисок од пријателка кој...
Инспиративни цитати кои ќе ви помогнат да ги надминете тешките моменти во бракот „Не може да се уништи бракот сè додека и двајцата сте спремни да прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg