13 цитати заради кои ќе сфатите дека сте убави онакви какви што сте

Секоја од нив на свој начин одбележала некоја епоха и секоја од нив дала различни сфаќања за убавината кои ќе ве натераат да сфатите дека сте убави, без разлика на тоа дали го прифаќате својот изглед.

13-citati-koi-kje-ve-nateraat-da-sfatite-deka-ste-ubavi-onakvi-kakvi-shto-ste-01.jpg

Нивните цитати ќе ве натераат да сфатите дека е важно да научите да се сакате себеси и својот одраз во огледалото.

1. „Следен пат кога ќе се погледнете во огледало обидете се да заборавите на критериумите кои велат дека сте премногу дебели, престари, премногу бледи, дека очите ви се премногу мали или носот преголем. Кога ќе заборавите на критиките ќе се видите себеси во вистинско светло, без осуда. Тоа е првиот чекор за промена на доживување на светот“ – Опра Винфри

2. „Не е добро да си преслаб или предебел. Едноставно не е возможно да го задоволите сечие барање затоа, најдобро е да престанете да се обидувате да ги задоволите сите“ – Џенифер Анистон

3. „За сите жени кои мислат дека се дебели ако не носат конфекциски број 0 – вие сте преубави, општеството е грдо“ – Мерилин Монро

4. „Со години не можев да го прифатам своето тело и тоа како изгледам. Си велев себеси дека не можам да носам нешто што не е со ракави. Но, одеднаш сфатив дека не треба да си праќам себеси така негативни информации, туку да си велам себеси дека можам да носам што ќе посакам. Сега повеќе од било кога се чувствувам удобно во сопствената кожа“ – Дру Баримор

5. „Велат дека убавината е во окото на набљудувачот, а јас велам дека ослободувачки е кога ќе сфатиш дека ти си тој набљудувач. Ова ни дава моќ да ја побараме убавината на места на кои другите не се осудуваат да ја побараат, па и во нас самите“ – Селма Хајек

6. „Убавината е она чувство однатре, она што се гледа во очите. Тоа не е нешто физичко“ – Софија Лорен

7. „Среќата и самодовербата се најубавите работи кои можеме да ги поседуваме“ – Тејлор Свифт

8. „Морав да пораснам за да научам да го сакам своето тело. На почетокот немав самодоверба. Подоцна сфатив – или ќе се мразам или ќе се сакам. Одбрав да се сакам. Работите кои мислев дека не се атрактивни, станаа секси. Токму така, самодовербата прави да бидете сексапилни“ – Квин Латифа

9. „Верувам во манакир. Верувам во претерано дотерување. Верувам и во кармините. Верувам дека среќните девојки се најубави девојки. Верувам дека утре е нов ден... Верувам во чуда.“ – Одри Хепберн

10. „Преслабите девојки не ги сметам за убави девојки, убави се оние кои се среќни и здрави. Никогаш не сум имала проблеми со својот изглед. Преферирам да одам на ручек со пријателите, наместо во теретана.“ – Адел

11. „Мислам дека без оглед на големината или обликот на телото, важно е да го прифатите сопствениот изглед. Женското тело е преубаво. Би сакала сите жени да го сакаат своето тело и да не ги осудуваат другите жени за нивниот изглед“ – Кристина Агилера

12. „Убавината значи добро да се чувствувате во сопствената кожа – познавање и прифаќање на себеси онаков каков што си.“ – Елен Деџенерис

13. „Прифатете ги своите облини и она што сте. Горда сум кога ќе ми дојдат девојки и ќе ми кажат дека имаат облини и заради тоа се горди на себе“ – Ким Кардашијан

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ако си премногу фин, само ќе те изедат жив“ - Најпознатите цитати од Златан Ибрахимовиќ „Посакувам секој на овој свет да може да оди до неговиот фрижидер и да избере шт...
Си ја предвидел смртта, почина на само 43 години: Се сеќавате ли на Џон Кенди? Го помниме по улогите во филмови како Home Alone кои го одбележаа нашето детство...
Тинејџерките лудуваа по него, денес не личи на поранешниот заводник - Се сеќавате ли на Факундо Аран... Кон крајот на 1990-те скорои и да немаше тинејџерка што не беше заљубена во Иво ...
Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози...
Не сака да вработува жени, нема да им остави пари на децата – Факти за контроверзниот Гордон Ремзи Во брак е 26 години, но постојат гласини дека имал афери со три жени. Сопственик...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg