„Домот без книги е како соба без прозорци“ - 10 цитати за домот

Домот е онаму каде што е креветот и омилената перница. Домот е онаму каде што мириса на пиперки со лукче, свежо печено лепче или тазе сварено кафе.

Domot-bez-knigi-e-kako-soba-bez-prozorci-10-citati-za-domot-01.jpg

Домот е онаму каде што ги знаете сите ќошиња и сите врати, па можете слободно да се движите дури и во потполна темница без страв дека ќе се удрите во нешто.

Сепак, домот не секогаш е географска локација, материјализиран простор или нешто опипливо. Тој понекогаш е чувство.

Прочитајте ги овие 10 цитати кои го дефинираат постоењето на домот:

1. „Некој ми рече да го опишам домот и јас започнав да зборувам за бојата на твојата коса, звукот на твојот глас, вкусот на твоите усни и каква е твојата кожа на допир, додека не сфатив дека тие очекуваа да слушнат место“.

2. „Добрата храна и топлата кујна се она што ја прават куќата дом“.

3. „Најмагичното нешто во врска со домот е што се чувствувате добро додека го напуштате и уште подобро кога се враќате назад“.

4. „Домот без книги е како соба без прозорци“.

5. „Куќата се прави од греди и цигли. Домот се прави со надеж и соништа“.

6. „Премногу чистиот дом е знак на потрошен живот“.

7. „Секој дом може да биде замок, кога кралот и кралицата се вљубени“.

8. „Не би требало да се вика во домот, освен во случај на пожар“.

9. „Домот е онаку каде што е срцето“.

10. „Дом се кои било 4 ѕида во кои седи вистинската личност“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg