Што научив во 60 години: 15 правила за животот

Сите ја знаеме изреката дека со годините доаѓа и искуството, па токму затоа многу често постарите знаат да нè опсипат со совети како да живееме и на што да го трошиме времето.

15-soveti-za-zivotot-od-eden-seesetgodisnik-01.jpg

Во 20-тите и 30-тите години, речиси сите трчаме низ животот сакајќи да зграбиме што повеќе време за работа, пари или статус, неретко заборавајќи на сите оние мали ситници кои навистина значат.

Советите на еден 60-годишен човек ќе ве натераат малку да размислите дали вреди да поминете уште неколку часа во канцеларија или да се вратите дома на ручек кај семејството.

1. Можеби ќе живеете долг или краток живот – никој не знае. Сепак, внимавајте на вашето здравје дури и во младоста.

2. Пријател е оној кој ќе дојде да ви помогне дури и ако го побарате во 2 часот по полноќ. Другите ви се само познаници.

3. Нема да забележите како вашите деца пораснале. Затоа, поминувајте колку што можете повеќе време со нив.

4. Најважна личност во вашиот живот е личноста која се согласила да го сподели животот со вас. Гледајте на тоа баш на овој начин.

5. Никој на крајот од животот, не се пожалил дека малку работел. Бидете вредни, но никогаш не ја ставајте работата пред семејството, пријателите и на крајот на краиштата пред самите себе!

6. Ако сте уморни од животот, едноставно застанете и размислете за сегашноста, обидете се да уживате во тоа што е убаво и што ви е навистина важно. Длабоко издишете и опуштете се. Не заборавајте, ништо не е вечно.

7. Имаме само еден живот. Не дозволувајте да се разбудите еден ден, имајќи го на ум фактот дека сте наполниле 60 години, а не сте го оствариле она за кое сте сонувале цел живот.

8. Можеби ова не е баш најпаметниот совет, но сепак: мијте ги редовно забите и водете сметка за нив, бидејќи може да ви направат навистина сериозни проблеми.

9. Не ги следете сите совети на луѓето околу вас, како да се тоа 10-те божји заповеди. Барајте совет од луѓето кои навистина ги цените, но сепак убаво размислете за сè она што ќе ви кажат, и на крајот донесете СОПСТВЕНА одлука.

10. Предмети – тоа се само предмети. Не се врзувајте за материјални нешта, врзете се за време и настани.

11. Повредите кои сте ги добиле денес, ќе ве следат и во староста... Дури и ако мислите дека целосно сте ги излечиле. ВЕРУВАЈТЕ!

12. Ценете го секој момент и секој детаљ. Во младоста сите сакаат сè одеднаш и веднаш, но зошто не се обидите да ги цените ситниците. Наместо да пишувате порака, јавете се и разговарајте, гушнете ја мајка ви без никаква причина, вдишете со полни гради и уживајте во сè она кое животот ви го нуди.

13. Плаќајте ги своите сметки и држете се настрана од долгови.

14. Љубомората ги уништува сите односи. Имајте доверба во личноста до вас. Ако не верувате во неа, во кого друг би верувале?

15. Ако имате некој неостварен сон, мора барем да се обидете да се приближите кон негово остварување. Бидејќи, како поминуваат годините, тој ќе ви изгледа сè понеостварлив. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg