Работи за кои секоја жена е „престара“ откако ќе наполни 30 години

Ако си жена големи се шансите дваесеттите години да ги поминеш во правење грешки и пронаоѓање на себеси.

raboti-za-koi-sekoja-zena-e-prestara-otkako-ke-napolni-30-godini-1.jpg

Тоа е период на несигурност и двоумење за сопствените одлуки – лоши врски и лош секс, но и збунувачки чувства. 

Ако тогаш не се омажиш за некој психопат или не си го уништиш изгледот, всушност се наоѓаш на вистинскиот пат.

Од друга страна триесеттите години се вистинските години за исполнетост и среќа.

До тогаш веќе имаш своја кариера, сигурна си во својот идентитет и на добар пат си да го оствариш она што го сакаш во животот.

Најдобриот начин да сфатиш што сакаш е да откриеш што всушност не сакаш. Токму затоа ова се десетте работи кои во ниеден случај не треба да ги прифатиш или да трошиш енергија на нив:

1. Да бидеш недоволно платена

Ако сметаш дека твојата плата не соодветствува на трудот кој го вложуваш слободно отиди и разговарај со твојот шеф објаснувајќи му зошто треба да добиваш повеќе пари. Ако гледаш дека твоите барања не се прифатени слободно стани и замини си, ти си возрасна жена која заслужува да си купи нешто убаво и да не се грижи како ќе го преживее секој месец.

2. Да го запоставиш твоето тело

Со текот на времето метаболизмот се забавува и потребно е да вложуваш грижа во себе доколку сакаш да ја имаш старата витка фигура.

3. Да се извинуваш за она што си

Нема никаква потреба да се извинуваш за тоа што си амбициозна, страсна и сакаш со целото срце. Ако досега ти кажувале дека си сонувач и непоправлив романтичар, сега воопшто нека не те засега туѓото мислење. Најважно е ти да бидеш среќна со она што си.

4. Да се плеткаш со непостојани фраери

Во дваесеттите си имала доволно време за губење на момци кои се фини една вечер, а веќе следниот ден воопшто не те познаваат. Ако треба да анализираш за што тој размислува или да се прашуваш со уште колку други девојки излегува време е да му ја покажеш вратата.

5. Да бидеш несигурна за физички работи

Дали имате нова брчка на лицето или се грижите дали вашиот партнер смета дека сте предебела, воопшто не треба да биде ваша грижа сè додека вие давате сè од себе да бидете својата најдобра верзија.

6. Да се споредуваш

Престани да се замараш со Фејсбук и сите тие несигурни девојки кои објавувајќи безброј слики секојдневно се обидуваат да покажат дека живеат живот од соништата. И тебе, а и ним, ви е сосема јасно дека зад тоа се крие огромна доза на несигурност која се лечи со бројот на лајкови и коментари. Во триесеттите сфаќаш дека споредувањето води кон сомневање во себе, а ти веќе многу добро знаеш која си и колку вредиш.

7. Да користиш евтина шминка

Постои добра причина зошто квалитетната шминка чини цело богатство. Ако сакаш да изгледаш убаво не штеди пари за квалитетна шминка или крема за лице или штикли. Во животот постојат некои работи кои после толку работење едноставно ги заслужуваш и треба да си ги дозволиш.

8. Да живееш во минатото

Понекогаш е лесно да се размислува за тоа што требало да направиш и каков ќе ти бил животот ако си направела нешто поинаку. Сепак вистината е дека си го направила тоа што си сметала дека е правилно и животот продолжил понатаму. Ниедно каење или навраќање наназад нема да го смени минатото. Продолжи храбро напред и остави го минатото во минатото.

9. Да глумиш дека си добро

Ако поминуваш низ тежок период нема потреба постојано да глумиш и да бидеш насмеана. Дај си време и простор да се опоравиш и да застанеш повторно на нозе. Сепак за цело тоа време слушај ги инстинктите и води сметка за себе. 

10. Да бидеш со момчиња кои немаат вистинска работа

Ако на триесет години ако сретнете момче на ваша возраст кое сè уште живее со родителите и нема вистинска работа од старт имајте на ум дека тој не е човекот со кој би можеле да имате стабилна врска. Секако во никој случај не би сакале да имате до себе некој кој ќе треба да го издржувате додека тој само се жали дека нема што да се работи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg