10 моќни навики кои ќе ја зголемат вашата интелигенција

За вашиот мозок да остане здрав и да функционира правилно морате постојано да се грижите за него вежбајќи го подеднакво напорно како ги вежбате вашите останати мускули.

10-mokjni-naviki-so-koi-kje-ja-zgolemat-vasata-inteligencija-001.jpg

Неколку минути на ден поминати во психички вежби не само што ќе го зајакнат вашиот мозок туку и ќе ја подобрат вашата меморија и ќе го смират вашиот ум.

 Воведете ги следните 10 навики во вашето секојдневие и еден ден ќе си бидете многу благодарни самите на себе...

1. Набљудувајте

Гледањето не е исто со набљудувањето. Набљудувањето подразбира анализирање на сè она што го гледате. Кога ќе почнете да набљудувате, ќе ги забележите сите оние работи што долго време сте ги пропуштале. Апсорбирајте го она што ве опкружува и никогаш не престанувајте да фантазирате.

2. Учете

Ако го отворите вашиот ум и никогаш не престанете со учење, вашиот мозок ќе се навикне да бара повеќе знаење и никогаш нема да го сопре тој процес. Прифатете ја секоја можност да научите нешто ново од луѓе кои имаат поголемо знаење од одредена област.

3. Слушајте

Кога ги слушате звуците што ве опкружуваат, впивате дел од светот. Кога шетате по улица, обрнете внимание на она што го зборуваат другите луѓе за да научите како размислуваат. Оваа навика можете да ја вежбате и преку слушање нова музика.

10-mokjni-naviki-so-koi-kje-ja-zgolemat-vasata-inteligencija-2-1.jpg

4. Експериментирајте

Доколку не излегувате од вашата зона на удобност и никогаш не експериментирате со нови работи, можете да пропуштите нешто што ќе ви го промени животот и умот. Побарајте некое ново интересно хоби или запишете се на курс за да стекнете знаење од некоја област што не ви е толку позната.

5. Проширете ги сопствените видици

Никогаш не се задоволувајте со знаењето кое сте го стекнале. Поставувајте прашања. Постепено вашето знаење ќе се зголемува и вашиот мозок ќе се навикне постојано да тежнее кон нешто ново и да не се задоволува само со делумни информации.

6. Разговарајте

Учете од луѓето околу вас. Споделете ја информацијата која со години ја чувате во главата со личноста која поминала низ истото. Искажете ги вашите идеи и развијте нови начини на размислување кои ќе бидат спој на целото ваше знаење.

10-mokjni-naviki-so-koi-kje-ja-zgolemat-vasata-inteligencija-2-2.jpg

7. Вежбајте

Телото и умот се една целина. Ако едното од нив не е во добра форма, другото ќе ги сноси последиците. Одвојте 20 минути во денот за различни вежби кои ќе ви му ја обезбедат потребната количина на кислород на умот.

8. Медитирајте

Ако почнете да го набљудувате вашиот ум, начинот на кој тој се однесува и што ослободува додека медитирате, ќе дознаете многу повеќе за него. На тој начин целосно ќе допрете до вашиот ум и ќе почувствувате како се опушта.

9. Анализирајте ги можностите

Обидете се да размислувате „надвор од кутијата“ и секогаш барајте повеќе можни одговори, наместо еден кој ви се чини најлогичен. Никогаш не престанувајте да истражувате нови идеи и да барате што е можно повеќе можности и решенија.

10-mokjni-naviki-so-koi-kje-ja-zgolemat-vasata-inteligencija-2-3.jpg

10. Играјте со умот

Нема ништо лошо во тоа да го водите умот на необични места. Кога создавате универзум во вашата глава каде што сè е возможно, го вежбате мозокот, а тоа ќе ја подобри дури и вашата смисла за хумор.

Дел од тајната за ефективноста на овие методи е да ги практикувате секој ден, секако без прекумерно да го заморувате мозокот.

Слушајте, набљудувајте и искористете ги предностите на светот во кој живеете.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg