Мудрости од индијанскиот народ

Древните жители на Америка имале посебен поглед на светот. Тие живееле во хармонија со природата и внимателно се однесувале со сè она што таа им подарувала.

mudrosti-od-indijanskiot-narod-01.jpg

Тие исто така добро го осмислувале сето она што сакале да го кажат. Речиси никогаш не зборувале без потреба и биле познати како народ кој оставил зад себе многу мудрости.

Ова се само дел од нив:

1. Во секој човек се одвива борба меѓу два волци: добар и лош. Ќе победи оној кој го храните повеќе.

2. За да се чуете самите себеси, потребни се денови тишина.

3. Не треба многу да зборувате за да ја кажете вистината.

4. Ако забележиш дека јаваш на мртов коњ –симни се!

5. Оној кој молчи, знае двојно повеќе од оној кој постојано зборува.

6. Не можете да разбудите човек кој се преправа дека спие.

7. Ако сакаш нешто да кажеш, стани да те видат.

8. Знаењето се крие насекаде. Некогаш целиот свет е една голема библиотека.

9. Добро избраните зборови, понекогаш се подобри од прецизно фрлена секира.

10. Оние кои спијат со кучињата, стануваат полни со болви.

11. Секогаш поздрави го пријателот кога ќе го сретнеш, поздрави ги дури и непознатите кои ги сретнуваш на осамени места. Почитувај ги сите луѓе, и не се поклонувај пред никого.

12. Што е животот? Тој е светлината на светилка во ноќта. Тој е здивот на бизон, кога доаѓа зима. Тој е сенка врз тревата која полека се топи со зајдисонцето.

13. Кога човекот еден ден се моли, а следните шест дена греши, Големиот дух се лути, а Злиот дух се смее.

14. Белиот човек има премногу шефови.

15. Кога човекот се оддалечува од природата, неговото срце се претвора во камен.

16. Тежнеј кон мудрост, а не кон знаење. Знаењето е минато, а мудроста иднина.

17. Погледнете ме мене. Сиромашен сум и гол. Но, јас сум водач на мојот народ. Нам не ни требаат богатства. Ние само сакаме да ги научиме нашите деца да бидат праведни. Ние сакаме мир и љубов.

18. Зошто го земаш со сила она што можеш да го земеш со љубов?

19. Сè на земјата има своја цел, секоја болест има билка која ја лекува, а секој човек, своја патека.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg