Живеј како денес да ти е најсреќниот ден

Постојано сме незадоволни од работата, животот, децата... без притоа да помислиме колку сме среќни што ги имаме во нашиот живот.

Zivotot-e-podarok-Zivej-go-Uzivaj-vo-nego-Raduvaj-mu-se-01_copy.jpg

Се сеќаваме на сите лоши работи кои ни се случиле во животот и одново и одново поминуваме низ нив, размислувајќи дали ако направевме нешто поинаку немаше да се случи сето тоа.

Во таквите моменти застанете и помислете на себеси, помислете на сето она кое го имате, а го сфаќате здраво за готово. Затоа денес помислете на сево ова...

Денес, пред да помислите да кажете некој лош збор - помислете си на некој кој не може да зборува!

Пред да се пожалите од својот сопруг или сопруга - помислете на некој кој плаче во осаменост секоја ноќ!

Денес, пред да се пожалите од неправедниот живот - помислете на некој кој отишол на небото премногу рано, уште пред да го проживее својот живот!

Пред да се пожалите од децата - помислете на некој кој сака деца со сето свое срце, повеќе од сè друго на светот, но не може да има сопствени!

Пред да се пожалите за тоа дали куќата ви е исчистена или не - помислете на некој кој живее на улица!

Пред да се пожалите за растојанието што треба да го извозите - помислете на некој кој треба да го помине истото тоа растојание, потпирајќи се на своите нозе!

И кога депресивните мисли ќе се појават во вашата глава – само насмевнете се и бидете благодарни! Вие сте живи и постоите!

Животот е подарок. Живеј го! Уживај во него! Радувај му се! Исполни го!

Живеј за денес, живеј како да е најсреќниот ден.

Погледни околу себе и помисли дали има смисла да се вознемируваш за тоа што поминало и за она што претстои.

Ти во моментов си жив и здрав и никој не е среќен како тебе!

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg