Факти за Меланија Трамп: Течно зборува 5 јазици, но е единствената прва дама која позирала гола

Соединетите Американски држави имаат нова прва дама, и таа меѓу другото има потекло од Балканот.

fakti-za-melanija-tramp-tecno-zboruva-5-jazici-no-e-edinstvenata-prva-dama-koja-pozirala-gola-001.jpg

Меланија Трамп е нова мистериозна фигура која првпат се претстави во политичкиот свет и речиси преку вечер, после објавувањето за кандидирање за претседател на нејзиниот сопруг, го привлече вниманието на сите медиуми.

Во текот на кампањата држеше многу низок профил, беше многу малку експонирана, но тоа не ги сопре сите светски медиуми да чепкаат во нејзиното минато.

Еве неколку факти кои не сте ги знаеле за идната прва дама:

1. Меланија Трамп, на 28 години, првпат го запознала Доналд Трамп, на забава која била приредена од заеднички пријател. Тој бил во друштво на друга жена, но кога таа отишла до тоалет тој ѝ се приближил и ѝ го побарал бројот. Меѓутоа таа го одбила, не му го дала бројот затоа што ја знаела неговата репутација. Наместо да му го даде својот број, го побарала неговиот. Таа вели дека ако му го дала бројот ќе била како сите други девојки во неговата низа, сакала таа да преземе поразличен пристап. Трамп ѝ ги дал сите негови приватни и бизнис броеви.

2. Меланија Трамп зборува течно на пет јазици. Освен англиски, таа знае да зборува и словенечки, српски, француски и германски.

3. Порасната е во многу сиромашно семејство, татко и продавал делови за автомобили, додека мајка ѝ работела во текстилна фабрика. Живеела во скромен стан во комунистички стил во мало село во Словенија.

4. Има таен полубрат кој го криеле од јавноста. Татко ѝ на Меланија плаќал алиментација за детето меѓутоа никогаш не го запознал својот син и немал никаква врска со него. Меланија до неодамна го демантирала неговото постоење, меѓутоа подоцна соочена со судски документи морала да го признае.

5. Меланија е единствената прва дама која има позирано гола. Неколку години пред да го запознае Доналд Трамп таа има направено гола фотосесија во придружба на уште една жена. Провокативната фотосесија стана многу актуелна откако Доналд Трамп настапи на политичката сцена.

6. Го воспитува нејзиниот син, Барон да биде ист како татко му. Таа дури му дала надимак ”малиот Доналд”. Го облекува исто како татко му во костими со големи вратоврски и му дала авторитет во куќата да може да отпушта слугинки и бејбиситерки. Барон исто така сака да игра голф со татко му и ја дели неговата љубов да им наредува на луѓето што работат за нив.

7. Сака да биде традиционална прва дама, слично како Џеки Кенеди, да го поддржува нејзиниот сопруг без да биде многу политички инволвирана.

8. Кога ја прашале што би променила кај својот сопруг, таа рекла дека најмногу ѝ пречи неговата зависност од Твитер.

9. Почнала со нејзината кариера во модниот свет уште од 5 години, кога учествувала во локални натпревари за убавина, а својата професионална манекенска кариера ја започнала на 16 години, откако била забележана од некој познат фотограф.

10. Не се согласува со сите размислувања на Доналд Трамп. Вели дека го почитува, но му дава совети што да промени. Тој некогаш ја слуша, некогаш не. Вели дека независно за кој си мажен треба да водиш сопствен живот.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg