5 знаци во кои ќе се препознаат само интровертите

Кога помислуваме на зборот интроверт најчесто прво што ни доаѓа на памет е лоша асоцијација поврзана со некој што не сака луѓе.

5-znaci-vo-koi-ke-se-prepoznaat-samo-introvertite-1.jpg

Всушност, интовертите не се лоши и асоцијални,тие сакаат луѓе и многу често се навистина добри пријатели. Тие само се многу по продуктивни кога работите ги завршуваат сами и немаат потреба да бидат во центар на вниманието.

Погледнете искрено кои од овие знаци ве опишуваат како личност:

1. Најдобро размислувате кога сте сами

Кога треба да најдете решение на некој проблем, или кога треба да поминете низ некој креативен процес, ви треба време да поминете сами за да најдете најдобро решение. Некои луѓе подобро функционираат кога работат тимски или во друштво, но за вас најдобро е кога ќе се фокусирате сами на проблемот и само така можете да го извлечете максималниот потенцијал од себе и да сработите нешто на што ќе бидете горди. Вие најчесто сте личноста која ако треба ќе го преземе цел проект сам да го изработи, отколку да давате идеи и да си ја поделите работата со други луѓе.

2. Носите слушалки на јавни места

Мразите гужва на улица до тој степен што неможете да ја поднесете вревата што ја прават минувачите и затоа најчесто носите слушалки за да се исклучите од надворешниот свет и да се сосредочите на вашите сопствени мисли. Исто така кога носите слушалки се намалува веројатноста да треба да зборувате со некој странец или дека некој ќе ве праша нешто, и така останувате скриени и заштитени.

3. Одбегнувате луѓе кои изгледаат вознемирено и луто

Пробувате да избегнете и да не комуницирате со луѓе кои изгледаат како да се во лошо расположение. Интовертите го избегнуваат погледот на некој што изгледа луто. Тие се многу почуствителни према негативни евалуации и затоа одбегнуваат ситуации кои изгледаат заканувачки и во кои има ризик некој да им се налути или да го истури бесот врз нив.

4. Почесто вам ви се јавуваат по телефон, отколку што вие се јавувате

Интровертите најчесто не се ангажираат во социјализација доброволно. Ако имаат неколку минути слободно време, сигурно не го трошат во разговор со некој со кого се немаат чуено одамна. Ако сте вистински интроверт тогаш сигурно избегнувате работни позиции во кои треба да иницирате било каква комуникација.

5. Уживате кога поминувате време сами со себе

Најубаво ви е кога поминувате квалитетно време самите со себе. Кога читате книга, играте видео игри или слушате музика се чувствувате многу по релаксирано отколку кога се дружите и правите заеднички активности со вашите пријатели. Ви треба тивко време за вас и најчесто слободното време го поминувате на тој начин.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg