Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мудростите на Шерлок Холмс: Светот е полн со очигледни работи кои никој не ги забележува

Фиктивниот детектив кој прави фантастични забелешки. Неговите логични објаснувања за нештата што се случуваат околу нас граничат со фантазија. Изгледаат невозможно, а сепак се многу точни. Детективот има огромна самодоверба и приметува работи кои обичните луѓе никогаш не би ги забележале.

mudrostite-na-serlok-holms-1

Еве неколку од неговите мудрости:

1. Јас не сум психопат, туку високо функционален социопат.

2. Моето име е Шерлок Холмс. Моја работа е да знам работи кои другите луѓе не ги знаат.

3. Светот е полн со очигледни работи кои никој не ги забележува.

4. Ти гледаш, ама не обзервираш. Разликата е јасна.

5. Основна грешка е да теоризираш пред да собереш информации. На тој начин неосетно ги извртуваш фактите да одговараат на твоите теории, наместо теориите да одговараат на фактите.

6. Јас никогаш не се служам со претпоставки. Тоа е шокантна навика, деструктивна за логичното размислување.

7. Го знаеш мојот метод. Основан е од забелешки на ситници.

8. Не постои нешто полажно од очигледниот факт.

9. Кога го елиминираш невозможното, тоа што останува, колку и да е неверојатно, е вистината.

10. Никогаш не правам исклучоци. Правилата не одобруваат исклучоци.

11. Емотивните квалитети се антагонистички према јасното размислување.

12. Признавам дека бев слеп како крт. Но, подобро е да научиш да бидеш мудар подоцна отколку никогаш да не научиш.

13. Интуицијата не треба да се игнорира. Таа претставува информации кои во мозокот се процесирани многу брзо, за свесниот ум да ги разбере.

14. Лошото расположение е хемиски дефект кој можете да го најдете кај губитничката страна.

15. Човекот секогаш тешко сфаќа дека ја изгубил љубовта кај жената, независно колко лошо ја третирал.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

30 животни лекции од ликовите и цртаните на Дизни Многу од нас пораснаа со цртаните на Дизни и секако, имаат посебно место во наши...
Би сакал да умрам како поет: 15 цитати на неповторливиот Боб Дилан Името Роберт Ален Цимерман веројатно не ви значи ништо, но се споменува Боб Дила...
Кога мажот изразува мислење е мажиште, кога жената изразува мислење е ... Денес го прославуваме Меѓународниот ден на жената 8-ми март, ден кога се одбележ...