3 инспиративни животни лекции кои ги научивме од Бијонсе

Бијонсе Ноулс Картер, за момент го „запре светот“ кога ја сподели својата Инстаграм фотографија, со која најави дека таа и нејзиниот сопруг Џеј Зи очекуваат близнаци.

3-inspirativni-zivotni-lekcii-koi-gi-nauchivme-od-bijonse-2_copy.jpg

Таа дополнително ги изненади обожавателитe со објавувањето на фотографии од текот на бременоста во албумот „I Have Three Hearts“.

Пејачката освен тоа што е совршена кога се во прашање пеењето и нејзините настапи, таа претставува и огромна инсприрација за луѓето, особено за жените ширум светот.

Во продолжение прочитајте кои 3 инспиративни животни лекции ги научивме од поп-дивата.

Претворете ја негативноста во нешто позитивно

Многу од луѓето дозволуваат негативната енергија да ги надвладее. „Кога не се чувствувам баш најдобро се прашувам себеси: Што ќе направиш во врска со тоа? Па така, ја користам негативноста за да се изградам себеси во една подобра личност“ - објаснува Бијонсе.

По периодот на депресија кој го имала откако се распаднале Destiny’s Child, денес таа си дозволува само еден ден за самосожалување, наредниот веќе продолжува понатаму.

Научете го значењето на времето поминато за себе

„Жените исто така треба да имаат време кое ќе го користат лично за себе. И тие имаат потреба да се посветат на своето ментално здравје, без притоа да чувствуваат било каква вина, или пак да се сметаат себеси за себични.“ – наведува таа.

„Сепак на крајот сè се сведува на истото. Светот ве гледа онака како што вие си се гледате себеси, а луѓето ќе се однесуваат кон вас на истиот начин на кој вие се однесувате“ - додава Бијонсе.

Убавината доаѓа однатре

Без разлика на тоа што пораснала покрај фризерскиот салон на нејзината мајка, таа е и повеќе од свесна дека внатрешната убавина е вушност најважна од сѐ.

„Мојата најголема цел е да ја научам ќерка ми да не се фокусира на естетското. Сѐ се состои во тоа да сте човек. Таму се крие убавината“ - објаснува Бијонсе.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg