5 љубовни лекции од Мередит и Дерек од „Вовед во Анатомија“

Мередит и Дерек од „Вовед во Анатомија“ поставија многу високи услови за тоа како треба да изгледа една совршена врска. Иако почетокот им беше малку неславен, нивната љубовна приказна важи за една од најубавите кои сме ги гледале на филмските екрани.  

5-ljubovni-lekcii-od-meredit-i-derek-001.jpg

Можеби работите на почетокот не беа совршени, но тие никогаш не можеа да ги игнорираат чувствата кои ги имаат еден за друг.

Еве неколку љубовни лекции на кои нè научи овој славен филмски пар:

1. Вистинска љубов значи никогаш да не се задоволиш со нешто помалку од тоа што твоето срце го посакува.

„Кога ги следиме нашите срца, кога одлучуваме да не се задоволиме со помалку, е прилично смешно, нели? Ни паѓа тежина од срцето. Сонцето свети посилно и за краток момент, сме во мир.“ - Мередит Греј

2. Кога е во прашање љубов, чувствуваш дека човекот со кого си е вистинскиот. Двајцата се вклопувате совршено.

„Првиот пат кога ја бакнав својата сопруга, таа беше само девојка која ја запознав во бар. Но, кога се бакнавме, беше како да не сум бакнал никоја друга жена пред тоа. Беше како да ми е прв бакнеж, вистинскиот бакнеж.“Дерек Шепард

3. Љубовта создава зависност

„Повеќе текила, повеќе љубов, повеќе од сè. Повеќе е подобро.“ - Мередит Греј

4. Најголемата љубов ти се случува кога најмалку очекуваш

„Кога нешто почнува, навистина не знаеш како ќе заврши. Куќата што требаше да ја продадеш ти станува дом, цимерите со кои мораше да живееш ти стануваат семејство, а авантурата за една ноќ ти станува љубовта на твојот живот.“Мередит Греј

5. Љубов е кога чувствуваш дека твојот живот не би бил комплетен без твојата друга половина.

„Мислев дека во Вашингтон ми е сè. Но, згрешив. Ти, ти си ми сè. Те сакам и никогаш нема да престанам да те сакам. Не можам да живеам без тебе. Не сакам да живеам без тебе и ќе направам сè што е во моја моќ да ти го докажам тоа.“ Дерек Шепард

„Можам да живеам без тебе, но не сакам. Никогаш не го сакам тоа.“ - Мередит Греј

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg