Во Јапонија срамните влакна не се срамни и уште 7 интересни факти за нив

Дали сте знаеле дека како и сите други влакна, срамните имаат одредена функција? Штитат од инфекции, посебно од вирусните брадавици кои се појавуваат од HPV. Научниците велат дека оние кои го депилираат целиот регион се поподложни на нив, бидејќи кожата ништо не ја заштитува.

vo-japonija-sramnite-vlakna-ne-se-sramni-i-ushte-7-interesni-fakti-01.jpg

Уште неколку интересни факти за срамните влакна:

Можете да завршите во болница заради депилација

Разни истражувања направени на околу 12.000 испитаници во подолг временски период покажуваат дека депилацијата може да предизвика сериозни повреди. Затоа, внимавајте кога и каде одите на депилација. Ако козметичарката не ја затегнува доволно добро кожата, може да настане повреда.

Фобија од срамните влакна

Постојат луѓе кои се плашат од своите влакна. Можеби звучи смешно, но е вистина. Уметникот Џон Раскин бил еден од тие луѓе. Имал аверзија од срамните влакна до толку, што избегнувал сексуални односи со своите жени.

И куклите на излозите го покажаа својот срамен регион

Познатиот американски бренд, „American Apparel“, сакајќи да покаже како изгледаат работите на вистинските жени, на своите излози постави кукли во долна облека од кои се гледале срамните влакна.

Холивуд пропагира влакнест регион

Актерката Камерон Дијаз во својата книга ги опишува жените и нивните препони застапувајќи ја теоријата на природен изглед. Во поглавјето „Пофалба на срамните влакна“ таа зборува за кадравиот бикини регион како најубав на жените.

Мажите сепак сакаат срамни влакна

Најновите истражувања спроведени од списанието „Men’s Health“, потврдуваат дека голем дел од машката популација сака умерени и убаво обликувани влакна не целосно глатка и мазна површина.

Срамните влакна се хит во Азија

Во Азија недостатокот на влакна се смета за некаков вид на хендикеп. Жените таму дури се одлучуваат и за трансплантација на влакна.

Во Јапонија срамните влакна не се срамни

Едно истражување во кое учествувале Јапонки од разно старосно доба покажало дека природниот изглед се смета за нормален и тоа не смее да се нарушува.

Најрадикални во Европа

Европејците почнале први да се бричат и депилираат на сите делови од телото. Влакната се сметаат за нехигиенски и со тоа непосакувани. Во Германија, на пример, повеќе од 60% од младите комплетно се депилираат, па дури и со ласер.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 факти за женското тело што звучат нереално Жените имаат посилно сетило за мирис и имаат поголеми шанси да преживеат сериозн...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
Не се сексуални работнички, тренираат напорно: Факти за јапонските гејши Пред да станат гејши жените имаат многу тешки тренинзи, учат да танцуваат со леп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg