Моцарт можел да свири со рацете одзади - 10-те најголеми умови на сите времиња

Што би бил светот без акција – реакција, делата како Мона Лиза или Тајната вечера? Свет без без радио и електромагнетни бранови или генијалните композиции на славниот Моцарт?

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-01.jpg

Некои умови едноставно биле толку многу напредни и визионерски настроени што му пркосат на времето и денешниот развој.

Ова се 10-те најголеми умови на сите времиња на кои треба да им бидеме благодарни за нивните пронајдоци и крeации:

Леонардо да Винчи

(15 април 1452 година – 2 мај 1519 год.)

Областите кои го интересирале големиот Леонардо се многубројни – иноваторство, сликање, вајарство, архитектура, наука, музика, математика, инженерство, литература, анатомија, геологија, астрономија, ботаника, пишување, историја и картографија.

Со добра причина се нарекува татко на палеонтологијата и архитектурата и се смета за еден од најдобрите сликари на сите времиња, автор на делото „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“.

Поради сите овие факти несомнено Леонардо да Винчи е еден од најголемите умови во светски рамки.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-02.jpg

Исак Њутн

(25 декември 1642 година- 20 март 1727 год.)

Англискиот физичар и математичар извршил огромно влијание врз развојот на науката. Неговата книга „Математички начела на природната филозофија“ (Philosophiæ Naturalis Principia Mathematica), ја опишува универзaлната гравитација и преку неговите закони на движење Њутн ја поставил основата на класичната механика.

Каде би биле без трите Њутнови закони?

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-03.jpg

Алберт Ајнштајн

(14 март 1879 година – 18 април 1955 год.)

Германски теоретски физичар, најпознат по неговата теорија на релативноста и теоријата за Еднаквост на масата и енергијата E=mc2. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година за неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-04.jpg

Галилео Галилеј

(15 февруари 1564 година - 8 јануари 1642 год.)

Галилеј е тоскански астроном, филозоф и физичар. Се смета дека е иноватор на телескопот, ги открил првиот и вториот закон за движењето и ги ширел Коперниковите погледи за поставеноста на Сончевиот систем. Честопати се нарекува „татко на современата астрономија“, или „татко на науката“.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-05.jpg

Платон

(424/423 п.н.е – 348/347 п.н.е)

Старогрчкиот филозоф, математичар, ученик на Сократ и автор на филозофски дијалози е основач на Академијата во Атина, која е првата институција за високо образование во Западниот свет. Заедно со својот учител, Сократ, и неговиот ученик, Аристотел, Платон е заслужен за поставување на темелите на западната филозофија и наука.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-06.jpg

Аристотел

(384 п.н.е − 322 п.н.е)

Платоновиот ученик бил заинтересиран за многу области, меѓу кои: физика, биологија, зоологија, метафизика, логика, етика, естетика, поезија, театар, музика, реторика. Набрзо по смртта на Платон, Аристотел по барање на Филип II Македонски го подучувал Александар Велики почнувајќи од 343 година п.н.е. Според Енциклопедија Британика, „Аристотел бил првиот вистински научник во историјата... секој научник му е нему должен“.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-07.jpg

Никола Тесла

(10 јули 1856 година - 7 јануари 1943 год.)

Иноватор, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката. Тесла е најпознат како татко наизменичната струја вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните) и бројни футуристички пронајдоци како индукциониот мотор и во делот на роботиката, како конструирањето на далечинскиот управувач и радарот.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-08.jpg

Волфганг Амадеус Моцарт

(27 јануари 1756 година - 5 декември 1791 год.)

„Чудото од дете“ како што го нарекувале многумина е еден од најголемите композитори на класична музика на сите времиња. Австрискиот композитор создал огромен број на камерни, симфониски, религиозни и оперски дела за различни соло инструменти, особено за пијано.

Можел да свири со рацете од позади, а и покрај кусиот живот Моцарт успеал да напише неверојатни 179 композиции.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-10.jpg

Архимед

(287 - 212 год. п.н.е)

Архимед е еден од најпознатите старогрчки научници, со особен осврт кон математиката, физиката и инженерството. Покрај откритијата од областа на математиката и геометријата, тој е познат и по дизајнирањето на иновативни машини.

Ги поставил и темелите на хидростатиката и го поставил принципот на лост, средство врз кое се базира механиката. Негов изум е методот на пресметување на збир од неограничен ред  и методот за мерење на зафатнина на објект со неправилна форма.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-09.jpg

Вилијам Шекспир

(23 април 1564 година - 23 април 1616 год.)

Шекспир е еден од најважните писатели, поети и драматурзи на сите времиња.

Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург. Романтичарите особено ја почитувале генијалноста на Шекспир, а викторијанците го обожавале со огромна стравопочит.

Неговите дела сé уште интензивно се проучуваат и изведуваат поради различни културолошки, книжевни и политички аспекти ширум светот.

10-te-najgolemi-umovi-na-site-vreminja-11.jpg

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg