Среќата е како сонце, кога е најубава, заоѓа - Цитати на Иван Цанкар

Авторот на можеби најпознатата „Слугата Јернеј и неговото право“ е еден од најплодните словенечки писатели. Иван Цанкар бил воедно и поет, раскажувач, драматург и издавач.

Citati-na-Ivan-Cankar-01_copy.jpg

Се смета за еден од оние автори кои ги всадиле корените на модернизмот во словенечката книжевност. Во неговата матична Словенија го споредувале со Франц Кафка и Џејмс Џојс.

Цанкар во своите дела љубел да го разоткрие лицето на неправдата и хипокритието на малограѓанската средина. Пред сé останато, тој цврсто верувал и се борел за правата на обичниот човек.

Неговите цитати се вистинско мајсторство на куси, јасни и умни мисли. Прочитајте што имал да каже Цанкар за луѓето, лагите и среќата:

 1. Човекот мора да биде сам за да запознае други луѓе.

 2. И на пријателите треба да им се каже вистината в лице.

 3. Човекот сонува толку сјајна светлина, онолку колку што е мрачна ноќта околу него и неговото срце.

 4. Искусната жена може да го види она што за мажите е секогаш мистерија.

 5. Лагата не убива како тојагата, но се провлекува низ крвните жили како отров, полека и внимателно, па не се забележува кога делува.

 6. Убава му е ноќта на човекот кога знае дека денот ќе осамне.

 7. Нема поубава надеж од онаа која никнува од тага и нема поубави соништа од оние кои ги раѓа болката.

 8. Човекот го става својот потпис на секој предмет кој ќе го допре.

 9. Среќата е како сонце. Кога е најубава, заоѓа.

10. Што дрдорите! Народот ќе си пресуди сам на себе, пресудата нема да му ја напише ниту фрак ниту мантија.

11. Повеќе горчина и страдање се кријат во еден единствен работен час, отколку во целиот живот на едно животинче.

12. Знаете ли зошто песот му е верен на својот господар? – Бидејќи навикнал на неговиот ќотек.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg