9 факти кои странците ги знаат за нашата Македонија

Слично како што знаеме за Таџ Махал во Индија, Оперската куќа во Сиднеј, Австралија или пак Ајфеловата Кула во Франција, така и нашата матична држави има неколу знаменитости што припаѓаат во колоната општопознати факти за една земја.

9-fakti-koi-strancite-gi-znaat-za-nasata-makedonija-001.jpg

Eве кои 9 факти се особено интересни за странците кои доаѓаат или имаат во план да ја посетат Македонија:

Врело – една од најдлабоките подводни пештери во светот

Во 2008 година, пештерата била на 71. место во длабочина со 100 метри, но со новите истражувања изведени во 2009 година, пештерата имала длабочина од 192 метри и се наоѓала на 14-тото место, според длабочината на подводни пештери.

Во 2010 година, италијанскиот нуркач Луиџи Казати се спуштил до 212 метри, со што бил поставен нов рекорд на длабочина на пештерата.

Сепак, во 2016 година, полскиот нуркач Кшиштоф Старнавски се нурнал до длабочина од 230 метри, но изјавил дека „пештерата понатаму се гледа дека се отвора подлабоко, но тоа го оставаме за следната експедиција“, со што и понатаму останува непозната вистинската длабочината на пештерата.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-02.jpg

Александар Македонски -  македонскиот крал од династијата Аргеади

Син на Филип II Македонски и Олимпија. Римјаните му го дале прекарот Magnus, „великиот освојувач на светот“.

Центарот на главниот град го краси фонтаната „Воин на коњ“, а повеќе од јасно е за кого станува збор.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-03.jpg

Првата земја во светот со целосна wi-fi покриеност

Во 2006 година како дел од официјален меѓународен проект, Македонија стана првата земја во светски рамки со дури 95% покриеност со безжичен интернет.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-04.jpg

Официјалното име можеби е ФИРОМ, но...

Иако официјалното име гласи Поранешна Југословенска Република Македонија, над 135 држави ја имаат признаено Република Македонија под нејзиното уставно име.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-06.jpg

Охридското Езеро – бисер на Балканот

Во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО.

Според начинот на настанување, Охридското Езеро претставува реткост во светски рамки. Настанало со вертикално пропаѓање на почвата, што е случај со релативно мал број езера во светот.

Меѓу другите, така настанало и најдлабокото Бајкалско Езеро во Сибир, Русија. Водите на двете езера ги населува сличен ендемичен растителен и животински свет.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-07.jpg

Дом на кирилското писмо – Кирилица

Составувачи на првата словенска азбука — глаголица се Кирил и Методиј, кои имале и мисионерско - просветителска дејност во повеќе словенски земји.

Современата кирилица е составена од нивните ученици Свети Климент Охридски и Свети Наум Охридски од Охрид, тогаш во Првото Бугарско Царство, кои ја преобразиле и поедноставиле тогашната глаголица и новата видоизменета азбука во чест на Свети Кирил го добила името кирилица. Таа е составена од 31 буква.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-05.jpg

Една четвртина од вкупното население живее во главниот град

Повеќе од 600.000 луѓе живеат во Скопје, што значи дека повеќе од четвртина од населението во Република Македонија живее во главниот град.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-08.jpg

Од сите југословенски републики, само Македонија се одвои без воен конфликт

Својата независност ја прогласи во 1991 година и од сите републики на поранешните југословенски простори само Македонија тоа го стори без крвопролевање.

„Нека ни е честита слободна, суверена, самостојна Македонија!“ Со овие зборови тогашниот претседател Киро Глигоров го честиташе референдумскиот резултат на граѓаните собрани на плоштадот во Скопје на 8 септември, 1991 година.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-09.jpg

Милениумскиот крст на Водно

Гордоста на Скопје и Македонија, Милениумскиот крст се наоѓа на врвот Крстовар на планината Водно,. Изграден е во 2002 год., а со 66 м височина, тој е еден од највисоките градби во Македонија. Изграден е во чест на две илјади години христијанство во Македонија и доаѓањето на новиот милениум.

9-fakti-koi-gi-znaat-strancite-za-nasata-Makedonija-10.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg