„Во нас постои нешто што нема име, тоа нешто е она што сме“ - цитати на Жозе Сарамаго

Жозе Сарамаго е португалски писател кој ја добил Нобеловата награда за литература во 1998 година. Овој исклучителен книжевник и нобеловец ги натерал луѓето да размислуваат за свохата суштина преку едноставниот цитат, она нешто кое постои во секој од нас, а нема име, тоа нешто е она што всушност сме.

Vo-nas-postoi-nesto-sto-nema-ime-Zoze-Saramago-citati-01.jpg

Сите се раѓаме, добиваме име, живееме и растеме. Некои живеат подолго од другите. Некои одат на училиште, некои немаат таква желба. Некои стануваат доктори, адвокати, земјоделци, војници, или можеби не.

Некои стануваат лидери, а другите ги следат. Некои успеваат, други пак не, но сите правиме нешто, дури и оние кои лежат под дрвото и чекаат овошјето само да падне.

Сите старееме, се менуваме, страдаме низ годините, добиваме брчки и умираме. Но, „она нешто кое нема име“, она нешто кое сме, никогаш не се менува, дожд или сонце, остануваме она што сме од моментот кога ќе се родиме, до денот кога ќе умреме.

Додека размислувате што сте вие, односно за нештото кое нема име, прочитајте ги мудростите на славниот португалски книжевник:

1. Мислам дека сме слепи. Слепи луѓе кои гледаат, но не умеат да видат.

2. Каков свет е овој кој може да прати машини на Марс и не прави ништо за да го спречи убивањето на човечко суштество?

3. Постојат периоди кога е најдобро да сте задоволни со она што го имате, со цел да не изгубите сè што имате.

4. Најмудриот човек кој го познавав во животот не умееше да чита, ниту да пишува.

5. Смртта е секојдневно присутна во нашите животи. Не е дека наоѓам задоволство во оваа морбидна фасцинација, тоа едноставно е животен факт.

6. Дефинитивната смрт кај писателот настапува кога никој повеќе не ги чита неговите книги. Тоа е конечната смрт.

7. Не ја бранам идејата за универзална љубов. Никогаш не постоела и никогаш нема да постои.

8. Хаосот е безмалку ред којшто треба да се дешифрира.

9. Користиме зборови за да се разбереме едни со други, а понекогаш и да се пронајдеме едни со други.

10. Прашањата ти се лажни доколку веќе го знаеш одговорот.

11. Мажите се сите исти, мислат дека затоа што излегле од стомакот на една жена знаат сè што е во врска со нив.

12. За работите кои се однесуваат на чувствата и срцето, премногу е секогаш подобро отколку премалку.

13. Прости ми доколку тебе ти изгледа малку, мене ми значи сè.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg