8 факти кои не сте ги знаеле за Винсент Ван Гог

Еден од највлијателните уметници на 20-от век, Винсент Ван Гог, за жал не живеел доволно долго за да го види успехот на неговите дела.

8 fakti koi ne ste gi znaele za vinsent van gog 1

Тој имал само 37 години кога починал, а за неговиот живот се знае веќе доволно преку писмата кои му ги испраќал на неговиот брат и сликите кои ги насликал.

И покрај овие докази од животот на Ван Гог, постојат неколку интересни факти за кои најверојатно не сте слушнале:

Постоеле четворица членови од неговото семејство со името Винсент Ван Гог

8 fakti koi ne ste gi znaele za vinsent van gog 2

Уметникот Винсент Ван Гог го добил името од неговиот мртвороден брат, кој пак го добил името од нивниот дедо. Исто така, и брат му на Винсент, Тео му го дал истото име на својот син. Додека растел, Винсент често го посетувал гробот на кој стои неговото име, каде што всушност бил погребан брат му.

Ван Гог започнал да слика дури на 27 години

Пред да започне да слика , Ван Гог работел во библиотека, бил учител, проповедник, продавал уметнички дела и испробал и неколку други професии. Во декември 1881-та, во писмо до брат му Тео напишал дека сликањето го прави многу среќен, но дека започнал да слика многу доцна во животот.

Тој насликал околу 900 слики и повеќе од 1100 цртежи на хартија во текот на 10 години сè до неговата смрт. Се верува дека Ван Гог страдал од хиперграфија, состојба што доведува до прекумерна желба за пишување и создавање дела.

Ван Гог најверојанто страдал од неколку ментални заболувања

8 fakti koi ne ste gi znaele za vinsent van gog 8 copy

Многу денешни психијатри се обиделе да најдат дијагноза на заболувањата кои ги имал Ван Гог преку симптомите кои тој ги опишувал како халуцинации, депресија и напади. Најчестите дијагнози се шизофренија, сифилис, биполарно растројство, хиперграфија и епилепсија. 

Се верува и дека бил аутистичен поради тоа што неговата сестра Елизабет го опишувала како премногу сериозен и некомуникативен, дека секогаш бил несмасен, главата ја држел надолу и бил изгубен во мислите.

Еден биограф кој го студирал животот на Ван Гог велел дека сликарот воопшто не ги познавал добро неговите браќа и сестри и дека не бил способен да ги прочита емоциите на другите луѓе.

Во еден дел од животот живеел со проститутка

Ван Гог бил заљубен повеќепати во животот, и тоа во неговата братучетка кога станала вдовица, во дама од високата класа која се викала Еугенија и во проститука по име Сиен.

Откако си отишол од домот и почнал да живее сам, често бил во друштво на проститутки. Омилена му била Сиен, со која живеел и за која се грижел одреден период од животот. Тој исто така ѝ помогнал да го одгледа нејзиното бебе.

Ван Гог насликал многу портрети од Сиен, но подоцна ја прекинал врската со неа затоа што неговото семејство, посебно неговиот брат Тео кој го издржувал финански, не ја оправдувале врската.

Најчесто си правел портрети самиот на себе

8 fakti koi ne ste gi znaele za vinsent van gog 7

Во период од три години, Ван Гог си направил околу 43 автопортрети. Ова било најверојатно поради фактот дека бил многу сиромашен и не можел да си дозволи да плати професионални модели.

Исто така, немал доволно социјални вештини за да пронајде пријатели кои би позирале за него без пари.

8 fakti koi ne ste gi znaele za vinsent van gog 8

Портретот од десната страна е насликан од Ван Гог во 1886-тата, а сликата од левата страна се верува дека е автентична слика од уметникот исто така направена во 1886-та година.

Не се знае со сигурност дали тој сам си го исекол увото

Најпрвин не било исечено целото уво на Ван Гог туку само дел од него. Само три дена по инцидентот тој ѝ го подарил увото на некоја проститутка, но не се знае дали тој самиот навистина си го исекол увото.

Ван Гог во тој период живеел со неговиот пријател, уметникот Пол Гоген. Тие често имале насилни кавги, па поради тоа се верува дека можеби Ван Гог кажал дека самиот си го исекол увото за да го поштеди од срам неговиот пријател и да го спаси од одење во затвор.

Тој воопшто не бил задоволен од неговото дело „Ѕвездена ноќ“

8 fakti koi ne ste gi znaele za vinsent van gog 6

Во јануари 1889 година, Ван Гог, по инцидентот со увото, излегол од болница. Меѓутоа, мислел дека неговото ментално здравје не е доволно стабилно и неколку месеци подоцна, Ван Гог доброволно се пријавил да престојува во психијатриска болница. 

Таму тој всушност ја насликал познатата слика „Ѕвездена ноќ“. Тој делото го опишал како неуспешно во писмата кои му ги испраќал на неговиот брат. Сметал дека делото едноставно му нема значење и не било воопшто добро. Брат му се обидел неколку пати да го продаде делото, но обидите биле без успех.

Се верува дека постои можност Ван Гог да бил убиен

Иако е добро познато дека Ван Гог се самоубил на 37 години, сепак многу биографи и научници тврдат дека Ван Гог можеби бил убиен од некој локален тинејџер. Научниците се скептични дека Ван Гог успеал да се самоубие поради фактот дека не постоеле никакви докази на неговите раце од пукањето.

Пиштолот никогаш не бил пронајден, а исто така и сликата која ја сликал не укажувала дека тој има проблеми или дека може да изврши самоубиство. Но, идејата дека Ван Гог навистина извршил самоубиство доаѓа од самиот Ван Гог кој на работ на смртта признал дека пукал во самиот себе и не сакал медицинска помош.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg