6 работи кои не сте ги знаеле за Хју Хефнер

Хју Хефнер почина на 91 годишна возраст, во присуство на неговото семејство и неговите пријатели. Не почина на начинот на кој живееше цел живот, опкружен со Плејбој блондинките.

6-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-hju-hefner-01.jpg

Хју Хефнер се смета за револуционер во забавната индустрија. Колку повеќе растеше неговата империја, толку повеќе славни жени посакуваа да бидат дел од легендарното списание, а на многу од нив списанието им отвори многу врати во кариерата.

Иако Хју Хефнер го помина поголемиот дел од животот пред очите на јавноста, има неколку работи кои луѓето не ги знаат за него, како фактот дека има дипломирано психологија и дека неговото IQ е 152.

Што всушност се криеше во легендарниот Хефнер, дали имаше нешто повеќе од популарниот живот кој го живееше?

Еве неколку работи кои веројатно не сте ги знаеле за Хју Хефнер:

1. Идејата за славната Плејбој империја му дошла откако бил одбиен од девојче во средно

Кога Хју имал 16 години, живеел во Чикаго и бил како многу други тинејџери одбиен од девојчето кое му се допаѓало. Веднаш потоа, тој почнал самиот да се нарекува Хеф наместо Хју, ја променил неговата гардероба, и почнал да црта стрип во кој главниот лик бил идеализирани верзија од него.

Таа верзија почнала брзо да се реализира. Во 1959 година, кога почнувал да го промовира своето списание, тој повторно го променил својот стил и тогаш почнал да ја носи познатата наметка во бургунди боја.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 9

2. Бил израснат во религиозно семејство

Хефнер е роден во Чикаго на 9 април, 1926 година. Неговите родители биле учители и имале силни религиозни верувања и гледања на животот.

Тој неговото детство го објаснува како конзервативно и методистичко. Неговата мајка еднаш му кажала дека е горда на него, но ќе била многу посреќна ако тој станел мисионер.

3. Пред да го основа Плејбој ја напуштил својата работа затоа што не му ја зголемиле платата за 5 долари

Во 1940 година, по неговата служба во војската, Хефнер бил студент на Универзитетот во Илиноис каде што се здобил со дипломи по психологија и креативно пишување.

Тоа му помогнало да добие работа во списанието “Esquire” каде што работел како илустратор. Но, во 1952 година одлучил да ја напушти работата затоа што побарал покачување од 5 долари, а списанието го одбило.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 8

Некое време потоа, Хефнер убедил 50-тина инвеститори, вклучувајќи ја и неговата мајка која му дала 1000 долари, да инвестираат во неговото списание. На крај собрал 8000 долари со кои успеал да ги постави темелите на Playboy во 1953.

На првиот број од списането тој ставил фотографии од тогаш сè уште не многу популарната Мерилин Монро кои биле стари околу 5 години. Ги откупил фотографиите за 500 долари и ги искористил за насловната страна на Playboy.

Првото издание било продадено во 50.000 примероци.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 6

4. Хефнер не бил отсекогаш Плејбој

Хефнер се здоби со името Плејбој со текот на годините, но во почетокот воопшто немал таква репутација. Во 1949 година се оженил со неговата прва сопруга Милдред, со која ја изгубил невиноста и со која имал две деца.

Но, подоцна во животот Хефнер признал дека бракот пропаднал поради тоа што жена му го изневерила додека тој бил во војска.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 10

Откако го дознал тоа, никогаш не можел целосно да ѝ прости и се чувствувал како секогаш да има уште еден маж со нив во креветот.

Неговата жена, поради грижа на совест, му дозволила и тој да има афера со цел да бидат еднакви, но тоа на крај го уништило нивниот брак. Останале во брак до 1959 година, речиси 10 години биле заедно, а потоа Хју тргнал по друг пат.

Во 1989 тој се оженил по вторпат за Кимберли Конрад. Хју велел дека никогаш не ја изневерил сите 11 години додека биле. Од вториот брак тој има две деца, а после разводот неговата сопруга и децата се преселиле во куќата веднаш до него.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 11

Хју всушност имал три бракови. Третиот брак бил со Кристал Херис која некогаш ја красела насловната страна на Playboy, но таа потпишала документ во кој се согласува дека нема да добие ништо од неговото наследство по неговата смрт.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 13

5. Уживал во сексот

Хју веројатно имал над 2000 сексуални партнери во текот на животот, но тврдел дека секогаш бил верен за време на браковите. Тој велел дека неверството на неговата жена го направила тоа што бил.

Моментот кога дознал дека неговата жена има повеќе сексуално искуство од него му бил доста разочарувачки.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 3

Меѓутоа, повеќето од девојките со кои тој имал сексуални односи подоцна изјавувале дека немало никава интимност во односот, а неговата последна сопруга Кристал Харис, изјавила дека имале секс само еднаш и дека сексот траел 2 секунди.

6. Каков бил животот во Плејбој палатата?

Пластичните операции на зајачиците им биле бесплатни, имале 1000 долари за трошење неделно на гардероба и салон за убавина во куќата каде што секој ден некој ги средувал.

Хефнер правел полароид фотки од секоја девојка која доаѓала да живее во куќата и потоа ги оценувал и рангирал според некоја комплексна формула по која го испитувал нивното мислење за работи кои тој ги сакал и според нивниот изглед.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 4

Откако девојките ќе влезеле во харемот, немале доволно слобода. Се чувствувале како да се негова сопственост. Не можеле да имаат гости, а Хју им кажувал кога требало да бидат на диета.

Некои од нив изјавиле дека тој премногу ги контролирал и знаел често да ги изманипулира и да ги сврти една против друга.

Сите девојки присуствувале во неговите ноќни оргии пред спиење, но тој не секогаш учествувал во нив. Многу често седел на средина, пушел марихуана и гледал порно филмови.

6 raboti koi ne ste gi znaele za hju hefner 12

 Хефнер деновиве ќе биде погребан на место блиску до местото каде што почива Мерилин Монро. Местото го купил за 75.000 долари.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg