Ги продава производите трипати поскапо од трошокот: 8 помалку познати факти за Apple

За компанијата Apple не ви треба никакво претставување. Таа е моментално помеѓу најпопуларните и највредните компании во светот и во неа се врти повеќе кеш отколку во трезорот на Америка.  

gi-prodava-proizvodite-tripati-poskapo-od-troshokot-8-pomalku-poznati-fakti-za-apple-001.jpg

Производите на Apple се секогаш на врвот на листите на секој љубител на технологија. Но има неколку факти за Apple кои сигурно досега ги немате чуено.

Еве неколку помалку познати факти за Apple:

1. Буквата „i“ што стои пред името на Apple производите првенствено означувала интернет

Apple производите низ светот стекнаа уникатен идентитет благодарение на уникатнио дизајн и функција. Една друга карактеристика која ги издвојува продуктите е буквата „i“ која стои пред нив.

Таа првпат се појави пред „iMac“, а на презентацијата за производот, Стив Џобс изјави дека значењето на буквата е „интернет“. Подоцна, Стив Џобс додаде уште неколку други значења на буквата, како индивидуално, информирачко, инспиративно и слично.

2. Apple е најпрофитабилната американска продавница по квадратни метри

Профитабилноста на сите недвижнини се смета по продажба на квадратни метри. Така Apple заради скапите цени по кои ја продава својата линија на производи заработува просечно 5.546 долари на квадратен метар.

8 fakti koi ne ste gi znaele za epl 3

3. Apple има околу 800 милиони iTunes профили 

Apple има околу 800 милиони профили на iTunes од корисници регистрирани низ целиот свет, а бројката секојдневно се зголемува. Повеќето од тие профили се поврзани со кредитни картички, со што Apple станува компанија која има најмногу информации од кредитни картички во светот.

4. Apple се понуди да ги покрие трошоците за замрзнување на јајце клетки на вработените жени во фирмата кои сакаат да се посветат на кариера

Apple им дава шанса на вработените жени во компанијата да ги замрзнат своите јајце клетки, ако во моментот се посветени на кариера, без да чувствуваат притисок. Apple сериозно инвестира во жените и ги поддржува на патот кон нивниот успех.

После нив и Facebook почна да ја нуди истата можност на вработените жени.

8 fakti koi ne ste gi znaele za epl 4

5. Apple се силни борци против злоуботреба на детска работна сила

Многу Apple делови се направени во држави надвор од Америка. Во некои од тие држави постојат малку поразлични практики за работа, кои се навистина скандалозни во поразвиените земји.

Ако Apple открие дека за нив работи некое дете, тогаш тие би се понудиле да платат за едукацијата на тоа дете и ќе му загарантираат работа по завршување на неговото образование.

Досега имало 16 такви случаи, а трошоците за децата беа покриени од Apple и други добавувачи на делови на Apple.

6. Apple ги продава своите производи за трипати поскапа цена од трошокот за производство

Анализа направена од истражувачката фирма IHS откри дека кога купувачите го купуваат производот плаќаат цена која е трипати повисока од трошокот за производство.

7. На самиот почеток компанијата имала тројца основачи

На почетокот Apple имала тројца основачи, веќе познатите Стив Џобс и Стив Вознијак, и третиот бил Роналд Вејн. Роналд ја напуштил компанијата 12 дена по основањето, ги продал неговите акции за 800 долари и добил уште 1.500 долари кога излегол од неа.

Да не ја напуштел компанијата денес би вредел околу 60 милијарди долари. Вејн денес има 83 години и вели дека воопшто не жали за пропуштената можност. Ј

а направил најдобрата бизнис одлука со информациите кои ги имал во моментот и не сакал да го ризикува својот капитал за визија која воопшто не ја разбирал.

8 fakti koi ne ste gi znaele za epl 2

8. Во Apple има вработено повеќе луѓе отколку што постојат жители во големите градови

Во Apple во моментот има вработено околу 1000.000 луѓе, а има уште многу други вработени во продавници и дистрибутери кои заработуваат од компанијата, индиректно.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Користел психоделични дроги, не ја признавал вонбрачната ќерка: Факти за животот на Стив Џобс Стив Џобс почина од рак во 2011 година, а многумина сметаат дека можел да се спа...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg