Платила 2 милиони долари за да се омажи за принцот: 10 факти кои не сте ги знаеле за принцезата Грејс Кели

Од нејзината прва улога во класикот „High Noon”, до нејзината свадба на векот и откажувањето од актерската кариера за да стане принцеза на Монако, Грејс Кели отсекогаш била во центарот на вниманието.

10 fakti koi ne ste gi znaele za princezata grejs keli 1

Нејзината беспрекорна убавина ја направи секоја нејзина филмска улога да биде уникатна.

Прочитајте ги следниве 10 факти кои можеби не сте ги знаеле за принцезата Грејс Кели:

1. Нејзиниот кралски живот не бил секогаш бајковит

Иако живеела во луксуз и можела да си дозволи сè што сака, животот на принцезата од Монако не бил секогаш лесен. Многу извори имаат документирано дека настрана од гламурот и фотографиите, Грејс Кели многу често посакувала да се врати на својот стар живот и честопати била во депресија.

2. Платила 2 милиони долари за да се омажи за принцот

Грејс Кели го запознала принцот Рение во 1955 година на Канскиот филмски фестивал, и меѓу нив веднаш имало привлечност. Откако се вратила во Америка, актерката и принцот често комуницирале, а на крајот од годината тој го посетил нејзиното семејство со кое поминал 3 дена.

На крајот од неговата посета ја запросил принцезата и таа прифатила. Но работите не се толку едноставни кога треба да се омажите за принц. За да се склучи бракот, семејството на Кели требало да плати 2 милиони долари за да се покријат трошоците од свадбата.

10 fakti koi ne ste gi znaele za princezata grejs keli 3

3. Таа била првата актерка чие име стоело на поштенска марка

Грејс Кели била првата актерка чие име стоело на американска поштенска марка. Тоа се случило во 1993 година, речиси 10 години по нејзината смрт.

4. Нејзините родители не сакале таа да биде актерка

Кога таа се запишала на академија за драма на почетокот на нејзината кариера, нејзиниот татко воопшто не се радувал на фактот дека неговата ќерка ќе биде актерка. Тој еднаш дури изјавил дека актерството е само еден степен погоре од проституција.

10 fakti koi ne ste gi znaele za princezata grejs keli 5

5. Таа ја започнала нејзината кариера како модел

Додека студирала глумење, таа исто така работела како модел и се појавила во реклами за цигари и на насловна страна на списанија како Redbook и Cosmopolitan.

10 fakti koi ne ste gi znaele za princezata grejs keli 6

6. Нејзиното семејство било мошне успешно

И двајцата родители на Грејс Кели биле атлетичари, а нејзиниот татко исто така станал и милионер. Тој имал освоено 3 олимписки златни медали, а нејзината мајка била прв тренер на женскиот атлетски тим на Универзитетот Пенсилванија.

7. Била свршена за друг пред да се омажи за принцот од Монако

Пред нејзиниот брак за принцот Рение, Грејс Кели била свршена за модниот дизајнер Олег Касини, дизајнерот кој ја облекувал првата дама на САД, Џеки Кенеди.

10 fakti koi ne ste gi znaele za princezata grejs keli 10

8. Живееле во хотел само за жени

Заедно со други познати жени, Грејс Кели живеела во познатиот хотел Барбизон додека живеела во Њујорк како млада актерка. Хотелот бил само за жени, а мажите немале пристап подалеку од рецепцијата.

10 fakti koi ne ste gi znaele za princezata grejs keli 9

9. Нејзината свадба била многу раскошна

Свадбата на принцезата Кели и принцот од Монако била огромна. Илјадници луѓе стоеле на улиците на Монако да ја пречекаат новата принцеза, а целата палата била реновирана за настанот. Алфред Хичкок, кој бил режисер на неколку филмови во кои глумела Грејс Кели, кажал дека е пресреќен што актерката се снашла толку добро.

10 fakti koi ne ste gi znaele za princezata grejs keli 7

10. Нејзините филмови биле забранети во Монако

По свадбата, сите филмови во кои глумела принцезата биле забранети да се гледаат во Монако по наредба на принцот. Алфред Хичкок никогаш не се откажал од намерата да ја убеди принцезата повторно да глуми. Еднаш таа се согласила, но потоа морала да се откаже од намерата поради строгите осудувања од јавноста.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg