Во Кина се изнајмуваат панди за милион долари: 30 неверојатни факти

 Ако мислите дека извонредни работи се случуваат во светот денес, прочитајте ги овие факти и ќе сфатите дека во светот отсекогаш се случувале бизарни и интересни работи кои тогаш веројатно биле највообичаени.

vo-kina-se-iznajmuvaat-pandi-za-milion-dolari-30-neverojatni-fakti-01-1.jpg

Издвојуваме дел од нив: 

1. Џим Камингс е гласот на мечето Пу. Тој им се јавува на болните деца во болница и разговара со нив со гласот на мечето.

2. Кога го прашале дали ја знае брзина со која патува звукот, Ајнштајн одговорил дека не памети такви информации во мозокот затоа што се веќе достапни во книгите.

50 neverojatni fakti koi sekoj bi trebalo da gi znae 2

3. Во 1979 година, на економски самит во Јапонија на Маргарет Тачер ѝ биле понудени 20 карате девојки за да ја заштитуваат. Таа ја одбила понудата.

4. Во видео играта Супер Марио Брос, грмушките се само облаци кои се обоени со зелена боја.

50 neverojatni fakti koi sekoj bi trebalo da gi znae 3

5. Многу одамна во Америка, ракчињата не се сметале за деликатес. Тие биле толку многу евтини и ги имало во толку многу големи количини што често им се сервирале како избор на затворениците.

6. Во 2007 година, извршниот директор на Microsoft, Стив Балмер рекол дека нема шанси iPhone-от да постигне било каков успех.

7. Компанијата LEGO, има подземна база со контролирана температура каде што е сместен и постои секој LEGO сет некогаш направен.

8. Авокадото никогаш не презрева додека е на дрво, така што земјоделците можат да ги користат дрвјата како место за складирање каде што авокадото ќе биде неверојатно свежо дури до 7 месеци.

9. Менаџерот на Елвис Присли продавал беџови на кои пишувало “го мразам Елвис” за да направи пари од луѓето кои не ги купувале производите на Елвис.

50 neverojatni fakti koi sekoj bi trebalo da gi znae 4

10. Салвадор Дали одбегнувал да плаќа во ресторан со тоа што користел чекови. На задната страна од чекот секогаш цртал нешто додека келнерот чекал, затоа што знаел дека никој не би го кеширал чекот на кој има негов цртеж.

11. Кина ги поседува сите панди во светот. Тие ги изнајмуваат пандите за околу 1 милион долари годишно.

12. Некои мачки се алергични на луѓе.

13. Кралицата Елизабета II е трениран механичар.

50 neverojatni fakti koi sekoj bi trebalo da gi znae 9

14. Гавраните во заробеништво можат да научат да зборуваат подобро од папагалите.

15. Донорите на крв во Шведска добиваат порака за благодарност кога нивната крв е искористена.

16. Околу еден милион кучиња во Америка се именувани како единствени наследници на тестаментот на нивните сопственици.

17. Русите задоцниле 12 дена на Олимписките Игри во 1908 година во Лондон затоа што го користеле Јулијанскиот календар наместо Грегоријанскиот.

18. Во многу места во Ангија црните мачки им се даваат на новите невести за да им се благослови бракот а јапонците веруваат дека црните мачки им носат среќа на немажените жени.

19. Годишните броеви на луѓе гризнати од ајкули се 10 пати помали отколку на луѓе гризнати од други луѓе во Њујорк.

20. Во 1997 година, една жена од Луисвил му оставила 300 илјади долари во рачно напишан тестамент на актерот Чарлс Бронсон. Таа никогаш не го запознала, меѓутоа му била голем фан.

21. Кучињата се способни да разберат дури до 250 зборови и гестови. Просечното куче е интелигенто како едно двегодиншно дете.

50 neverojatni fakti koi sekoj bi trebalo da gi znae 7

22. Илегално е во Франција, супермаркетите да ја фрлаат храната. Тие мора да ја донираат храната која не е продадена или која е пред истекување на рокот на употреба.

23. Едно ново бебе ги чини неговите родители околу 750 часа сон во неговата прва година.

24. Астронаутот на Аполо 17 мисијата, Харисон Шмит бил алергичен на месечева прашина.

25. Основачите на Google сакале да го продадат во 1999 година за 1 милион на компанијата Excite, меѓутоа компанијата ги одбила.

26. Во 1999 година, американската влада му платила 16 милиони долари на семејството Запрудер за снима од убиството на претседателот Кенеди.

50 neverojatni fakti koi sekoj bi trebalo da gi znae 8

27. Во Швајцарија е илегално некој да поседува само едно морско прасе.

28. Во 2014 година, за првпат на Tinder се споија двајца луѓе на Антарктикот. И двајцата биле научници кои вршеле истражувања.

29. Постои Никола Тесла статуа во Пало Алто што нуди бесплатно Wi-Fi

30. Еден априлски ден во 1930 година, BBC изјавиле дека тој ден нема никакви вести и цел ден пуштале пиано музика.

 А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg