Кој бил Џејмс Дин? 6 Факти за човекот позади секс симболот

 Во 1955 година, 24 годишниот Џејмс Дин го изгубил животот во сообраќајна несреќа во Калифорнија. Џејмс Дин до ден денес останува еден од најтрајните, најлегендарните и енигматични ликови од холивудската историја.

koj bil dzejms din 4

Еве неколку факти кои можеби не сте ги знаеле за човекот позади секс симболот:

1. Бил речиси сирак

Џејмс Бајрон Дин бил роден во Марион, Индијана на 8 Февруари 1931 година. Неговиот татко Винтон престанал да се занимава со семејната фарма и го преселил семејството да живее во Санта Моника, Калифорнија за тој да стане заболекар.

Неговата мајка починала кога тој имал само 9 години и тогаш семејството се распаднало. Татко му го испратил да живее со неговата тетка на некоја фарма и тие неверојатно многу се оддалечиле. Тој речиси никогаш не разговарал со татко му, а останал кај него да живее само многу мал период од животот додека студирал.

2. Неговите предни заби биле лажни

Џејмс Дин уште како мал бил многу темпераментен и никогаш не седел мирен. Неговите предни заби ги искршил кога паднал додека се лулал на јаже на фармата кај неговата тетка.

Дин подоцна во животот ја променил приказната и лажел дека ги изгубил забите кога паднал од мотор. Многу често сакал да ги изненадува луѓето со тоа што ги вадел лажните заби додека разговарале.

koj bil dzejms din 1

3. Глумел само во 3 филмови

Иако кога ќе го чуете името Џејмс Дин веројатно мислите дека има голема актерска кариера позади него, всушност тој во неговиот живот глумел само во 3 филмови. Додека студирал во Калифорнија се откажал од факултет за да се фокусира на глумата.

Тој имал неколку мали и незначајни улоги во почетокот во Холивудски филмови но неговата слава ја постигнал кога се преселил во Њујорк. Тој имал големи улоги во филмовите “East of Eden”, “Rebel Without a Cause” и “Giant” каде што главна женска улога имала Елизабет Тејлор. Дин најмногу се прославил по улогата во “East of Eden”, каде што глумел лош дечко по што го привлекол вниманието на женската публика.

4. Обожавал брзи автомобили

Џејмс Дин обожавал да вози брзи автомобили. Го искористил својот успех во неговиот прв филм за да си купи црвен кабриолет и мотор. Во 1955 година почнал да се натпреварува во трки, со бело Порше Супер Спидстер.

koj bil dzejms din 2

Добил второ место на неговата прва трка во Палм Спрингс Калифорниа. Додека работел на неговиот последен филм, од студиото му забраниле да се трка. Но, кога завршило снимањето го заменил неговото старо Порше со ново Порше 550 Спајдер.

5. Добил казна за брзо возење само два часа пред неговата смрт

На 30 Септември 1955 додека Дин го возел неговото сосема ново Порше 550 Спајдер, еден полицаец му напишал казна затоа што возел со 100 km/h на пат кој на кој било дозволено да се вози со 80km/h. Истиот ден, само два часа подоцна тој се забил во Форд Тудор.

Дин го скршил вратот и претрпел тешки внатрешни повреди и бил прогласен за мртов во најблиската болница. До денешен ден не е откриено дали возел пребрзо за време на несреќата.

6. Се велело дека неговиот автомобил бил проколнат

Џорџ Барис, познат колекционер и трговец со автомобили го купил автомобилот по смртта на Џејмс Дин. Тој подоцна кажал дека кога го донел автомобилот во салонот, паднал од приколката која стоела врз ногата на некој вработен.

Автомобилот го следел голема мистерија и несреќа многупати подоцна. Кога некој крадец пробал да украде гума од истиот автомобил тој паднал и си ја скршил раката. Сите оние кои купиле делови од Поршето подоцна страдале во тешки сообраќајни несреќи. Не се знае каде се наоѓаат денес преостанатите делови од автомобилот.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg